Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џеј Ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Џеј Ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп
СВЕТ

Џеј Ди Венс: Зеленски ќе зажали што зборува лошо за Трамп

Објавено February 20, 2025 09:06
Сподели
Сподели

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да се воздржи од јавни критики на претседателот Доналд Трамп, нагласувајќи дека таквите изјави може сериозно да ги нарушат односите меѓу Киев и Вашингтон и да предизвикаат контраефект на Зеленски, пренесува Анадолија.

„Идејата дека Зеленски ќе го промени мислењето на претседателот со тоа што ќе го оцрни во јавните медиуми – секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е ужасен начин да се работи со оваа администрација“, изјави Венс за Дејли Меил, неколку часа откако Зеленски го обвини Трамп дека живее во „простор за дезинформации“ создаден од Русија.

Трамп не му остана, нарекувајќи го Зеленски „диктатор без избори“ и му порача „подобро да се движи брзо или нема да му остане земја“.

„Се восхитуваме на храброста на украинските војници, но јасно мислиме дека војната треба брзо да заврши“, додаде Венс.

„Тоа е политиката на претседателот на САД. Не се заснова на руски дезинформации. Тоа се заснова на фактот дека Доналд Трамп, мислам, знае многу за геополитиката, има многу силни мислења и ги има тие мислења многу долго време“.

Венс додаде дека верува оти Зеленски добива многу лош совет за тоа како да се справи со администрацијата на Трамп.

Острата размена на зборови меѓу Зеленски и Трамп доаѓа додека американските и руските претставници преговараа во Ријад за можен крај на војната во Украина, што предизвика загриженост во Киев и меѓу европските лидери за можното исклучување на Украина од преговарачкиот процес.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во исто време во Анкара се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека Украина мора да биде вклучена во какви било разговори за завршување на војната.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АС: Гвардиол е платен 90 милиони евра, Мбапе го прати по цигари (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Магијата на Меси на -15 степени во Канзас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

САД почнуваат со депортација на Украинци

Царинската и граничната заштита на САД објави дека започнала со депортација на украински државјани од Соединетите Американски Држави, објавувајќи фотографии…

August 19, 2025
СВЕТ

Над 22.000 Германци го промениле полот по олеснувањето на законската процедура

Повеќе од 22.000 германски граѓани официјално го промениле својот регистриран род откако минатата година стапи во сила новиот закон кој…

October 29, 2025
СВЕТ

НАЈМАЛКУ 221 ЗАГИНАТ: Објавен извештајот за трагедијата во клубот „Џет сет“, причината сепак неразјаснета

Владата на Доминиканската Република вчера објави извештај за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб на почетокот на оваа недела,…

April 12, 2025
СВЕТ

Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници по ултиматумот на Трамп

Хамас објави дека се согласил со некои аспекти од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во…

October 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?