Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Џеј Ло и Бен Афлек официјално се разведоа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Џеј Ло и Бен Афлек официјално се разведоа
ЗАБАВА

Џеј Ло и Бен Афлек официјално се разведоа

Објавено February 26, 2025 08:49
Сподели
Сподели

Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално станаа сингл во петокот, откако судот во Лос Анџелес го потврди нивниот развод.

Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот спогодбен развод на 6 јануари, а истиот стапил во сила на 21 февруари, шест месеци откако Џеј Ло поднела барање за развод.

Двојката се договори со посредство уште во септември, со што ја избегна долгата судска битка низ која поминаа некои други познати парови.

Лопез сега го отстрани презимето Афлек од нејзиното легално име. Повеќето финансиски детали не се објавени во јавноста, но се знае дека ниту еден од нив нема да плаќа брачна издршка, а со оглед на тоа што немаат заеднички деца, прашањето за старателството не беше спорно.

Двојката се венча во јули 2022 година, но Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, наведувајќи дека се разделиле пред повеќе од една година.

Ова не беше нивниот прв обид за љубов – на почетокот на 2000-тите тие се заљубија, се верија и глумеа заедно во два филма во 2004 година, но раскинаа истата година, делумно поради притисокот на јавноста. Дваесет години подоцна повторно се поврзаа и се венчаа, но бракот не траеше.

Бен Афлек се разведе од актерката Џенифер Гарнер во 2018 година и со неа има три деца. Џенифер Лопез мина низ четири брака и има близнаци со пејачот Марк Ентони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Речиси цело Чиле остана без струја: сообраќајот во колапс, воведен полициски час
Следна Статија „Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Блажард ја воведува класата Волшебник во Диабло IV: Господар на омразата

Можете да играте како Волшебник во Диабло II од денес, како дел од новиот додаток Владеење на Волшебникот

February 13, 2026

Канон го објавува RF 7-14mm f/2.8-3.5 риб’и објектив со зум

Канон денес го претстави новиот RF 7-14mm f/2.8-3.5 риб'и зум објектив, донесувајќи впечатливи иновации во професионалната фотографска опрема.

February 6, 2026
ЗАБАВА

Ослободете се од застоениот мирис: Се што треба да направите е да ставите една работа во плакарот

Непријатниот мирис во вашата гардероба може да има различни причини, а чувањето застоена облека не е единствениот виновник. Дури и…

January 6, 2025
ЗАБАВА

ДЕНЕС Е ПЕТОК 13: Митови, преданија и легенди за овој ден

Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?