Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 10 години од објавувањето на првата „бомба“ од „Вистината за Македонија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > 10 години од објавувањето на првата „бомба“ од „Вистината за Македонија“
ПОЛИТИКА

10 години од објавувањето на првата „бомба“ од „Вистината за Македонија“

Објавено February 9, 2025 12:32
Сподели
Сподели

Вистината за Македонија“ или таканаречените „бомби“, беа пуштени пред 10 години, на денешен ден 9. февруари 2015 година. Тогашната опозиција СДСМ предводена од Зоран Заев, кој подоцна стана премиер, во јавноста пушти прислушувани телефонски разговори помеѓу тогашни високи функционери.

Од денеска СДСМ и опозицијата го почнува проектот „Вистината за Македонија“. Целта е да ја вратиме слободата и демократијата во Македонија, да ги вратиме европските вредности“, рече тогаш Заев.

Првите „бомби“, односно снимени разговори, слушнати на таа прва прес конференција, беа прислушкуваните разгвовори токму на Зоран Заев.

Денеска ќе слушнете како јас, Зоран Заев, сум следен и прислушуван  во континуитет во последните неколку години. Сум бил следен и прислушуван и кога не бев лидер на СДСМ, како разговарам со мои партиски колеги,со луѓе од Општина Струмица, со граѓани, како разговарам со моите деца.“

Бомбите“ предизвикаа низа масовни протести, и беа причина за формирање на Специјалното Јавно обвинителство врз основа на Договорот од Пржино. СЈО подоцна згасна.

Се отворија многу предмети базирани на разговорите кои беа објавени во јавноста, а голем дел од нив пропаднаа поради застарувања на делата.

Во меѓувреме, тогашниот премиер Никола Груевски избега во Будимпешта. Екс премиерот и натаму е во главниот унгарски град од каде повремено испраќа соопштенија преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

За прислушуваните разговори беше отворен предмет „Тврдина“ а потоа и дел од предметот за масовно прислушување „Таргет-Тврдина“ кои не застареа со исмените на Кривичниот законик, односно уништувањето на системите за следење на комуникацијата во УБК.

Во овој предмет со обвинението опфатени беа поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бразилка мислела дека се допишува со Маск, дигнала два кредита и му дала 25.000 евра (ВИДЕО)
Следна Статија Ќе се гради патот Букојчани – Кичево за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Потпретседателката на СДСМ, Чупеска за Илон Маск: Порано ми се „свиѓаше“ футуристичкиот дечко, а сега веќе не (ВИДЕО)

Откако пред два дена заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска излажа дека договорот за Стратешко пријателство со САД го…

February 27, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

Проектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти – дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони?

СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит…

October 26, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Ако е мудар, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи во партијата

Ако е мудар како што се претставува, Ахмети ќе извлече поука и наместо да се заканува, ќе направи структурни реформи,…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?