Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 11 кандидати ќе бидат поканети на интервју за изборот за судија во Стразбур, еве кои се на списокот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 11 кандидати ќе бидат поканети на интервју за изборот за судија во Стразбур, еве кои се на списокот
МАКЕДОНИЈА

11 кандидати ќе бидат поканети на интервју за изборот за судија во Стразбур, еве кои се на списокот

Објавено October 8, 2025 17:30
Сподели
Сподели

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн состав во Уставниот суд ја одржа втората седница.

Комисијата со која претседава претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски изврши административна проверка на апликациите во однос на критериумите за пријавување и по проверката, врз основа на фактичката состојба ја утврди листата на апликанти кои ќе бидат поканети на интервју.

На листата на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју се: Оља Ристова, Тони Менкиноски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова и Ана Дангова Хуг.

До Комисијата биле пристигнати апликациите на 20-те апликанти: Велимир Деловски, Соња Петрушева, Оља Ристова, Александар Гоџо, Тони Менкиноски, Валентин Пепељугоски, Ѓоко Живковски, Андреј Димовски, Наташа Габер, Јордан Апостолски, Лидија Неделкова, Александар Даштевски, Али Алиу, Илир Исени, Јелена Ристиќ, Сашо Георгиевски, Наташа Бошкова, Едита Наскова, Александар Лазов и Ана Дангова Хуг.

Комисијата изразува задоволство од искажаниот интерес и од бројот на апликации и во однос на квалитетот на апликантите. Кандидатите кои се избрани ќе бидат интервјуирани во Уставниот суд на 20 октомври 2025 година. За точниот термин за интервју ќе бидат известени преку Министерството за надворешни работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муслиу: Можеме квалитетно да играме со големите репрезентации
Следна Статија Д-р Сејфрид: Две „горива“ го хранат ракот, без нив тој не е можен, но има еден проблем…

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека во рамки на самитот остварил средба со премиерот Виктор Орбан. Разговаравме…

March 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски: Новиот Јавен обвинител треба да биде заштитник на правото и правдата и да ги истражи сите предмети држени во фиоки

Премиерот Христијан Мицкоски очекува новиот државен јавен обвинител, кој треба да биде избран набргу, да биде заштитник на правото и…

February 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани

Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни…

March 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри,…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?