На денешен ден во 2013-та година почина Душан Љубисављевиќ, од популарното дуо „Дуле и Коки“.
Штипјаните Дуле и Коки (Никола Јанков) пред дваесеттина години како студенти формираа дуо со кое на македонската забавна сцена донесоа многу песни меѓу кои и нивниот хит „Виолина и гитара“ со кој победија на Макфест 1997.
Љубисављевиќ е роден во Штип на 29 мај 1974 година. Кариерата ја започнал заедно со неговиот другар Никола Јанков во 90-тите години на XX век во штипските кафулиња како тинејџер. По завршувањето на средното образование се преселил во Скопје, со цел повеќе да се афирмира.
На јавноста и станува најпознат во 1996 година кога како дел од дуото „Дуле и Коки“ со песната „Виолина и гитара“ победува на „Макфест“. Автори на нумерата, која станала еден од најубавите македонски евергрини, се Александар Митевски (музика и текст) и Валентино Скендеровски.
Заедно со Коки во својот репертоар имал над 50 композиции, а неколку од нив, како на пример „Виолина и гитара“, „Мене место не ме фаќа“, „Марама“, „Дај ми шанса“ и други се сметаат за евергрини.
Последните месеци пред смртта Дуле бил ангажиран со својот ресторан Доменика, паралелно работејќи на песните кои требало да се најдат на новиот албум на Дуле и Коки. Починал на 23 септември 2013 година во Скопје.