Иако Баер Леверкузен не сака Флоријан Фирц да заврши во Баерн Минхен, сепак кога некој ќе ти понуди 125 милиони евра секако дека не можеш да одбиеш.
Инаку “баварците“ му нудат и на Вирц 125 милиони евра за пет години или годишно по 25 милиони евра со што би се израмнил во висина платата со Хари Кејн и би земал повеќе од останатите ѕвезди на клубот.
Од друга страна овој пакет што Баерн го понуди за Вирц не е гаранција дека и ќе се оствари овој трансфер.
Познато е дека Пеп Гвардиола не прашува за пари, Сити е подготвен да плати само за отштета сума од 150 милиони евра и повеќе од 25 милиони евра годишно за самиот фудбалер.