16-годишна ученичка од Србија се обидела да се самоубие на час по хемија

- Advertisement -

Тинејџерка (16) утрово се обидела да се самоубие во просториите на училиште во Обреновац, Србија, пиејќи азотна киселина, а според неофицијални таа и претходно се обидела да си наштети.

Инцидентот се случил околу 08:30 часот на час по хемија пред другите ученици и професорката.

– Наставничката веднаш реагирала и повикала брза помош. Тинејџерката со возило на Брза помош била пренесена во клиниката во Тиршова, каде лекарите и пружиле помош – вели извор од истрагата.

Инаку, како што утврдила полицијата, оваа тинејџерка и претходно се обидела да се повреди.

– Склона е на самоповредување, бидејќи и претходно се обидела да се повреди – вели добро информиран извор.

Истрагата за овој инцидент е во тек. Во меѓувреме, полициските службеници од Обреновац имале разговор со надлежните од училиштето и ги утврдуваат сите детали за овој инцидент.

Контактирани се и родителите на девојчето со цел да се утврдат сите детали за овој инцидент.

Сподели ја оваа статија