Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 18 години без Тоше – ја обедини Македонија со својот глас и своето големо срце
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > 18 години без Тоше – ја обедини Македонија со својот глас и своето големо срце
ЗАБАВА

18 години без Тоше – ја обедини Македонија со својот глас и своето големо срце

Објавено October 16, 2025 08:11
Сподели
Сподели

На денешен ден, 16 октомври во 2007 година, Тоше Проески го загуби животот на 26-годишна возраст, во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска. Целиот Балкан плачеше и се прости од овој уметник, а денеска се навршуваат 18 години од неговата смрт која го потресе целиот регион.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонскиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за Ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Во негова чест, денеска од 12 до 15 часот на детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче ќе се одржи настан под слоганот „Тоше те сакаме“.

Овој настан претставува искрена почит и сеќавање на човекот кој остави траен белег во македонската музика и култура. Целта е да се испрати порака дека Тоше сè уште живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост остануваат безвременски симбол на добрината, љубовта и единството.

Публиката ќе ужива во настапите на децата од градинките, училишните хорови од основните училишта, како и на македонските музички ѕвезди: Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Наде Талевска, Марија Спасовска, Драган Темелков, Лили Акустик, Ивона Јо, Тамара Волческа, Владимир Поповски и Васил Ангелов, кои ќе ги изведат безвременските хитови на Тоше Проески. Покрај музиката, ќе има изложба на дела од основците, активност за пишување на хумани пораки на картони со Бомбакис, цртање на мега-слика со РВР бренд.

Со песна, љубов и сеќавање, сите заедно ќе му оддадеме чест на човекот кој ја обедини Македонија со својот глас, својот дух и своето големо срце.

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992), каде што испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп во 1997 година и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјата и регионот, а во 2004 ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова: Вистинското слепило не е во очите, туку во нечувствителноста на срцето
Следна Статија Пелистер парираше 20 минути, а потоа Барселона ја покажа силата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почина Чак Негрон, основач на Three Dog Night, познат по химните ‘Joy to the World’

Чак Негрон, еден од основачите на рок бендот Three Dog Night, замина во 83-та година од животот

February 4, 2026
ЗАБАВА

Во овој европски град еспресо чини 6 евра: Жителите најмногу трошат на кирија и храна, а просечната плата им е околу 4.500 евра

Исланд во последниве години привлекува сѐ повеќе туристи од целиот свет.Заситените дестинации и масовниот туризам ги тераат луѓето да ја…

September 4, 2025
ЗАБАВА

Нова тужба против Диди: „Ме силуваше кога имав 16 години и ме остави во фоајето на зградата“

Шон Диди Комбс се соочува со нови обвиненија. Новата наводна жртва во тужбата поднесена во Њујорк изјавила дека раперот ја…

January 15, 2025
ЗАБАВА

Австралијка роди туѓо дете поради грешка при ин витро

Австралијка родила дете на погрешен маж, откако лекар случајно ѝ вметнал погрешен ембрион, објави сопственикот на клиника за плодност, обвинувајќи…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?