Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 21-годишник од Свети Николе крвнички ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 21-годишник од Свети Николе крвнички ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба
ХРОНИКА

21-годишник од Свети Николе крвнички ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба

Објавено February 21, 2026 18:24
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.

Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја, информира Обвинителството.

Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Државата дава силна логистика на градежните компании, градежништвото за првпат забележа раст од 21%
Следна Статија Фирма на син на екс претседател на СДСМ во Ново Село вмешана во случајот со марихуаната фатена во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пукање во Моране- едно лице со повреди пренесено во Градска болница

Едно лице повредено од огнено оружје попладнево е донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Од Министерството…

March 20, 2025
ХРОНИКА

Се запали новогодишната елка кај ТЦ „Бисер“

На социјалните мрежи пред малку беа објавени фотографии на кои се гледа дека гори новогодишната елка која се наоѓа во…

December 15, 2024
ХРОНИКА

Возач загина на патот Кочани-Виница

На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки…

December 17, 2025
ХРОНИКА

41-годишник возел низ Кавадарци со 1,54 промили алкохол во крвта

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци – полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од…

November 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?