Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 21-годишниот манекен Мартин е загинатиот во експлозијата во Белград, несмасно ја активирал бомбата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 21-годишниот манекен Мартин е загинатиот во експлозијата во Белград, несмасно ја активирал бомбата
МАКЕДОНИЈА

21-годишниот манекен Мартин е загинатиот во експлозијата во Белград, несмасно ја активирал бомбата

Објавено October 7, 2025 16:03
Сподели
Сподели

Македонскиот државјанин Мартин Сипковски (21), модел по професија, е убиен во експлозија која се случи минатата недела во стан на улица Косовска во центарот на Белград, дознава српски Курир.

Вишото јавно обвинителство во Белград го сослуша Филип В. (26) во врска со експлозијата во која беше убиен Сипковски под сомнение дека на 30 септември нелегално го стекнал, а потоа го носел експлозивот „пентрит“, кој го предал на македонскиот државјанин истиот ден на аголот од улиците Косовска и Нушиќева.

Мартин Сипковски, како што е утврдено од досегашната истрага, следниот ден, 1 октомври, околу 21.45 часот, несмасно го активирал експлозивот и починал на самото место.

– По обдукцијата, беше утврдено дека починатиот е Мартин Сипковски, државјанин на Македонија, кој, според неофицијални информации, немал криминално досие. Сè уште не е познато како завршил во мафијашките кругови, со оглед на тоа што, според познаници, тој бил модел кој си направил добро име на турскиот пазар и направил голем напредок на модните писти – вели нашиот извор, додавајќи:

– Сите се во шок со оглед на тоа што експлозивната направа наводно била подготвена за да убие човек со криминално досие, кој е поврзан и со навивачки групи.

Како што може да се прочита во медиумите од Македонија, починатиот Мартин постигнал завидни резултати на модната сцена.

– Поранешниот ракометар на „Вардар“, Мартин Сипковски е првиот Македонец кој потпишал договор со престижната модна агенција „Даман“ од Истанбул. Висок е 186 сантиметри и тежок 70 килограми. Студент е на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопјe. Поради повреда на вратот, Мартин се откажува од својата најголема љубов, ракометот – се наведува во текстот посветен на жртвата и се додава:

– Овој млад човек од Скопјe веќе се подготвуваше да ги освои модните писти, а своето патување во Истанбул ќе го искористеше за кастинзи за неколку модни куќи и машки модни брендови. Агенцијата „Дамен“ е дом на многу од врвните светски модели. Мартин е првиот Македонец кој успеа да влезе во тесниот круг на момчиња кои сакаат да се занимаваат со манекенство.

Истрагата што ја води надлежното Вишо јавно обвинителство во Белград сè уште е во тек и тие ќе ги утврдат сите детали за оваа експлозија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ковачки: ОЈО ГОКК да не е на одмор? Да не мислат дека ќе се заборави на злоупотребите на службите?
Следна Статија Во вооружениот напад во Куманово е повреден докторот Зекирија Шаини, од Здравство велат дека е во стабилна состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уапсен Ратко Капушевски

Попладнево е уапсен бизнисменот и поранешен директор на спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски“, објавија повеќе медиуми. Според неофицијални информации,…

March 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Започна изборниот молк

Од синоќа на полноќ започна изборниот молк за локалните избори, кој ќе трае до 19 часот в недела 19-ти октомври.…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Силен пожар се шири од Нерези кон Водно

Голем пожар попладнево изби над Нерези и поради силниот ветер забрзано се шири кон Водно. Засега нема официјални информации од…

August 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг

До вчера течеа роковите за поднесување евентуални приговори за постапката на гласање и приговори за утврдување и сумирање на резултатите…

October 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?