Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 24 годишник вршел полови дејствија врз пет годишно дете кое му било роднина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 24 годишник вршел полови дејствија врз пет годишно дете кое му било роднина
ХРОНИКА

24 годишник вршел полови дејствија врз пет годишно дете кое му било роднина

Објавено September 5, 2025 17:06
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело други полови дејствија врз девојче родено во 2020 година, дело казниво според член 188 став 5 од Кривичниот законик.

-Осомничениот 24-годишник, во неговиот дом во Волково, неколку пати извршил полови дејствија кои што не се состојат во вагинална, анална или орална пенетрација, врз оштетеното дете со кое е во роднинска врска. Тој го користел моментот додека девојчето било во неговиот дом затоа што живееле во одвоени куќи во ист двор, а потоа и се заканувал да не му кажува на татко и бидејќи ќе ја караат и ќе ја тепаат, соопштува Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, особено имајќи ја предвид можноста за остварување контакт со детето и потребата за заштита на жртвата од осомничениот.

Воедно, обвинителството ги ценеше и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можноста да влијае врз постапката. Судот ја прифати ваквата аргументација и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Њујорк Тајмс: Американски маринци убиле севернокорејски цивили во тајна мисија
Следна Статија Османи: 350 000 евра месечно од буџетот на Чаир завршуваат кај партиски активисти на ВЛЕН

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Американец пронајден мртов во Претор

На 11.07.2025 во 10.54 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во монтажен контејнер во с.Претор, ресенско, бил пронајден…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Почина една од најдобрите македонски докторки

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која почина…

May 7, 2025
ХРОНИКА

Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани, вмешани и полицајци

Министерството за внатрешни работи спроведува нова акција чија цел е нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата пренесува…

May 22, 2025
ХРОНИКА

Тројца малолетници пријавени за исчезнати

На 14.10.2024 во 12:00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?