Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 25 граѓански организации од Владата бараат решението за градба на хотелот кај Горица да се поништи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 25 граѓански организации од Владата бараат решението за градба на хотелот кај Горица да се поништи
МАКЕДОНИЈА

25 граѓански организации од Владата бараат решението за градба на хотелот кај Горица да се поништи

Објавено April 15, 2025 09:59
Сподели
Сподели

Вкупно 25 граѓански организации поднесоа претставка до премиерот и членовите на Владата која се однесува на одобрението за градење за хотелскиот комплекс во Горица за кое, како што информираат, сите релевантни закони налагаат обврска да се прогласи за ништовно. Претставката се осврнува и на инспекцискиот надзор на Државниот инспекторт за животна средина (ДИЖС), кој, според нив, изобилува со законски прекршувања и можни кривични дела, како и на улогата и законските прекршувања на Управата за животна средина. Организациите доставија претставка со слична содржина и барања и до Општина Охрид, а за целиот случај ги известија и пратениците, како и новоформираното меѓуресорско тело за координација на активности против корупцијата.

-Ја поздравуваме заложбата на Владата за борба против корупцијата и за владеење на правото, особено истакнувана по трагедијата во Кочани и целосно се согласуваме дека „корумпираниот систем не смее да победи“, дека е „чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата…“ и дека борбата против корупцијата не е и не смее да биде меѓу-партиска пресметка туку „борба на чесните против нечесните“. Во овој контекст укажуваме дека уништувањето на највредното богатство на земјата и сите нејзини сегашни и идни граѓани – светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, со пасивно и/или активно учество на државните институции, е дијаметрално спротивно постапување од она кое води до справување со корупцијата и воведување на правна држава, се вели во претставката поднесена од страна на Фронт 21/42, Охрид ЅОЅ, Новинари за човекови права, Балканска Водна Мрежа, Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје, Национален Рома Центар Куманово, Институт за комуникациски студии, Центар за правни истражувања и анализи, АРТ ПОИНТ – ГУМНО, О2 Иницијатива, Еко Логик, Вело Училишта, Зелен Хуман Град, Хумани Градови, Грин.орг Кочани, Го Сакам Водно, Здрава Котлина, Институт за човекови права, Центар за управување со знаење, Метаморфозис, Планетум, Еко-Живот, Движење на Екологисти на Македонија и Гоу Грин.

Овие граѓански организации бараат итно да се спроведат Законот за животна средина, Законот за градење и Законот за општата управна постапка, според кои одобрението за градење издадено без оцена на влијанието врз животната средина, дури и без решение за одобрување елаборат за животна средина, е ништовно.

Во претставката се додава дека издавајќи го одобрението за градење без оцена на влијанието врз животната средина, Општина Охрид го спречи и остварувањето на
уставното право на граѓаните да учествуваат во процесот на одобрување на проектот, гарантирано со Законот за животна средина и Архуската конвенција.

Организациите се осврнуваат и на улогата на Државниот инспекторат за животна средина и од премиерот и Владата бараат да се обезбеди испитување на можни коруптивни постапки од страна на сите посочени институции и вклучени лица.

-Државниот инспекторат за животна средина, институцијата чија основна должност е да го обезбеди спроведувањето на Законот за животна средина и да го заштити јавниот интерес – наместо да превенира, овозможи понатамошна деградација на природното наследство; заштити законски прекршувања, кривични дела, противуставни постапки и противзаконска материјална корист на Дивелоп Груп, се наведува во претставката.

Невладините посочуваат дека обврската за отстранување на градбата, враќање на природата во првобитна состојба и поништување на урбанистичкиот план на кој  базира актуелното уништување, ја налагаат и меѓународните договори – Бернската и конвенцијата на УНЕСКО и потсетуваат дека одговорноста за нивното извршување законот ја лоцира токму кај Владата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АКЦИЈА НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА И МВР ВО ПРИЛЕП: Претреси на повеќе места низ градот, поврзани со злоупотреби во Општата болница
Следна Статија Трамп најави ослободување од царините за автомобилската индустрија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија затоа што вели се она…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Санацијата во завршна фаза: За неколку часа стабилизација на водоводната мрежа во Скопје

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Ричард Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија

Претседателот на владата Христијан Мицкоски, кој е во САД на инаугуарацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во Вашингтон имаше средба…

January 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре облачно време, во среда дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?