Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 27.000 деца ќе се натпреваруваат во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > 27.000 деца ќе се натпреваруваат во Македонија
СПОРТ

27.000 деца ќе се натпреваруваат во Македонија

Објавено May 8, 2026 11:02
Сподели
Сподели

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава.

Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот.

Со тоа, како што нагласуваат организиторите, Македонија првпат станува дел од едно од најголемите аматерски спортски движења за деца во Европа.

Министерот за спорт Борко Ристовски вчера на прес-конференција нагласи дека приклучувањето на Македонија кон овие игри е резултат на подолг процес и јасна државна заложба. Посочи дека државата е подготвена за организацијата и дека инвестициите во спортот се суштински важни.

– Ние како домаќини сме целосно подготвени. Кога државата, во соработка со организацијата на игрите, има комплетна контрола врз ситуацијата, тогаш сме сведоци дека сè поминува во најдобар ред. Се залагаме за инвестирање во спортот, младите и инфраструктурата бидејќи сметаме дека тоа е единствениот правилен пат по кој треба да се оди – изјави Ристовски.

На отворањето на Спортските игри ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чиста Македонија (ФОТО)
Следна Статија Дури и Германците го одложуваат редовниот сервис за своите возила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Вечното дерби Вардар – Еурофарм Пелистер финале на 32. Куп на Македонија во ракомет

Седум дена пред директниот дуел за шампионската титула во Скопје, вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер денес од 17 часот…

June 1, 2025
СПОРТ

Црвена Ѕвезда победи во Гибралтар на меч каде ВАР ја повлече најсмешната линија! (ВИДЕО)

Црвена Ѕезда со 1-0 славеше на гостувањето кај Линколн од Гибралтар во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на…

July 23, 2025
СПОРТ

Милевски: Македонија покажа дека има квалитет да се носи со најдобрите репрезентации

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски е задоволен од изданието на неговите избраници на синоќешниот натпревар со Белгија, но…

June 7, 2025
СПОРТ

Бостон и Голден Стејт пред елиминација од плејофот (ВИДЕО)

Бостон и Голден Стејт се пред елиминација во полуфиналињата од плејофот во Источната и Западната конференција во НБА. Њујорк со…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?