Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 30 дена притвор за седуммина полицајци од Штип и Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 30 дена притвор за седуммина полицајци од Штип и Кочани
ХРОНИКА

30 дена притвор за седуммина полицајци од Штип и Кочани

Објавено March 19, 2025 18:41
Сподели
Сподели

Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за седумте службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди.

Судии на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, како што информираат од Кривичен, го прифати предлогот за определување мерки за обезбедување присуство против седум службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои доцна попладнево беа спроведени во судот.

-Се прифаќа предлогот на ОЈО и на сите седум осомничени, им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1, 2 и точка 3 кај одредени осомничени, односно Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и Околности кои укажуваат дека може да го повторат делото, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Професор Давитковски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
Следна Статија Фатен со мито: Приведен раководителот на урбанизам на Маврово Ростуше

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Јас и ти ко едно тело: Ана Костадиновска неутешна по смртта на нејзините колеги

Ана Костадиновска, придружниот вокал на „ДНК“ и професорка во средното музичко училиште е во стабилна состојба и на домашно лекување…

March 25, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Во рамки на меѓународната оперативна полициска соработка на македонската полиција за идентификување жртви или потенцијални жртви на трговија со луѓе/деца,…

July 11, 2025
ХРОНИКА

Условна казна затвор од една година за претседателот на клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола

Љупчо Горгиевски, претседателот на згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е осуден на една година условна казна затвор. За него…

June 13, 2025
ХРОНИКА

Најмалку 50 загинати и стотици повредени во пожарот во дискотека во Кочани

Најмалку 50 лица се загинати, а стотица се повредени во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време…

March 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?