Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија
МАКЕДОНИЈА

33 години од усвојувањето на првото македонско државно знаме и химната на Македонија

Објавено August 11, 2025 11:12
Сподели
Сподели

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено првото македонско државно национално знаме.

Ѕвезда од Кутлеш, Сонце од Кутлеш или Аргеадска ѕвезда — симбол на стилизирана ѕвезда или сонце со шеснаесет зраци и симбол на античките Македонци. Се среќава во разни древни остатоци, цркви и народни градби во земјата. Сoнцетo од Кутлеш е нациoнален симбoл на Македoнците во цел свет.

Спектакуларен примерок на ѕвездата е ископан во 1977 г. за време на археолошки ископувања во Кутлеш, Егејска Македонија, од страна на професорот Манолис Андроникос кај с. Кутлеш во околината на Постол. Тој го открил сонцето на златен ларнакс во гробниците на кралевите на Античка Македонија, која сметал дека му припаѓа на кралот Филип II Македонски.

Денес таа пронајдена плоча се чува во музејот во Кутлеш, Егејска Македонија.

Ѕвездата се користела за време на Кралство Македонија и во Република Македонија од јули 1992 до 1995 година кога е сменето со денешното македонско знаме. Денешното македонско државно знаме е стилизирана верзија на Ѕвездата од Кутлеш, со осум краци наместо шестнаесет.

Симболот се користел отсекогаш за означување и истакнување на македонскиот идентитет. Низ вековите, македонскиот народ секогаш го користел симболот во своето секојдневие и активности. За важноста на симболот за македонскиот народ сведочат и голем број на икони во кои се нацртани 16- краки ѕвезди или во поупростената верзија- ѕвезда со осум краци.

Официјалниот опис на првото знаме на Македонија гласел:

Знамето на Република Македонија е црвено со златножолто сонце. Сонцето е со осум основни и осум споредни сончеви зраци, благо здебелени во првата половина, наизменично и симетрично наредени околу сончевиот диск. Основните сончеви зраци непосредно се одделуваат од сончевиот диск, а крајната надворешна должина на сите шеснаесет сончеви зраци се поклопува со надворешната периферија на сонцето. Пречникот на сончевиот диск е една седмина од широчината на знамето. Односот на пречникот на сончевиот диск и должината на основниот сончев зрак е еден спрема два, а односот на должината на споредниот и основниот сончев зрак е седум спрема осум. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на широчината и должината на знамето е еден спрема два.

Со одлука на Собранието на денешен ден во ’92 година усвоена е и химната „Денес над Македонија“ на Република Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Мајко силна“ на Александар Тарабунов нова песна од проектот „Македонијо, во срце те носиме“
Следна Статија Почина Габи Новак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,…

September 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции…

June 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски: Имаме капацитет да го организираме понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани

Одговорно тврдам дека Македонија има капацитет да го организира понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, изјави…

June 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Актуелниот министер за економија не е осомничен зошто во негово време немало барање за лиценца од „Пулс“

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано…

April 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?