Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски, популизам и поделби наместо реформи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски, популизам и поделби наместо реформи
ПОЛИТИКА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја продолжува политиката на Груевски, популизам и поделби наместо реформи

Објавено July 15, 2025 22:26
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување на Канал 5 зборуваше за реалноста со која се соочуваат граѓаните под власта на ВМРО-ДПМНЕ и за штетните политики кои директно го влошуваат животот на сите.

„Граѓаните чувствуваат како живеат во изминатата година дена, полошо од тоа што беше претходно. Намалена е куповната моќ, инфлацијата е зголемена, нема раст на платите, пензискиот систем е доведен во ризик и тоа според официјални лица во Владата,“ рече Филипче.

Тој потсети дека СДСМ уште пред една година предупредувал дека линеарното зголемување на пензиите ќе го стави фондот во дефицит и ќе ја загрози иднината на пензионерите. „Предупредувавме дека не треба да има линеарно зголемување, ако продолжиме со нашиот систем практично истите пари ќе ги земеа пензионерите, меѓутоа дефицитот во пензискиот фонд ќе се намалеше,“ истакна Филипче.

Во однос на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче оцени дека не постои систем кој создава подобар живот за граѓаните, туку напротив, се гледа само продолжение на штетните практики од времето на Груевски.

„Не гледаат луѓето и граѓаните дека било каков систем се воспоставува. Што се гледа? Гледаат практично продолжение на тоа што како систем го воспостави Никола Груевски во неговото владеење во 2016 година, а сега ова ВМРО-ДПМНЕ практично тоа го продолжува,“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посочи дека сегашната влада не носи никакви реформи, туку само манипулативни кампањи и поделби меѓу граѓаните. „Сметам дека оваа влада практично владее на истиот начин како што тогаш владееја. Нема реформи има само кампањи за да ја сменат перцепцијата на граѓаните, да прикажат едно светло коешто практично не постои, да го разубават животот за граѓаните, а тоа граѓаните го гледаат,“ истакна Филипче.

„Сметам дека тоа е еден систем којшто е популистички начин на владеење — да се поделат граѓаните на патриоти и предавници и конечно ништо да не се случува,“ додаде тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Софија Вергара е бомба, а погледнете ја нејзината помлада сестра: Убавата Колумбијка повеќе не е „во сенка“
Следна Статија Малолетнички се онесвестиле на базен, откако се напиле алкохол уште сабајле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ остана и без Струмица: Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниедна реформа во судството, не те интересира правдата

„Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Стојаноски: Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалицира со ДУИ

Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: „Дрисла“ ќе ја претвориме во европски центар за третман на отпад

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера учествуваше на панел-дискусија посветена на решенијата за депонијата „Дрисла“ и управувањето…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?