Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Објавен е список на најмоќните пасоши на светот- Македонија е на 38. место
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Објавен е список на најмоќните пасоши на светот- Македонија е на 38. место
МАКЕДОНИЈА

Објавен е список на најмоќните пасоши на светот- Македонија е на 38. место

Објавено July 23, 2025 08:46
Сподели
Сподели

Објавено е најновото рангирање на најмоќните пасоши во светот за 2025 година, а резултатите покажуваат континуирана доминација на европските земји.

Според индексот на пасоши „Хенли“, кој ги рангира пасошите врз основа на бројот на дестинации достапни без виза, една азиска земја е на врвот втора година по ред.

Податоците, собрани од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), потврдуваат дека Сингапур сè уште го држи првото место, дозволувајќи им на своите граѓани да патуваат во дури 193 земји без потреба од виза. Веднаш зад неа се Јапонија и Јужна Кореја, кои го делат второто место со пристап до 190 дестинации.

Најмоќните пасоши во светот:

• 1-во место – 193 дестинации без виза: Сингапур

• 2-ро место – 190 дестинации без виза: Јапонија, Јужна Кореја

• 3-то место – 189 дестинации без виза: Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Шпанија

• 4-то место – 188 дестинации без виза: Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Шведска

• 5-то место – 187 дестинации без виза: Грција, Нов Зеланд, Швајцарија

• 6-то место – 186 дестинации без виза: Обединето Кралство

• 7-мо место – 185 дестинации без виза: Австралија, Чешка, Унгарија, Малта, Полска

• 8-мо место – 184 дестинации без виза: Канада, Естонија, Обединети Арапски Емирати

• 9-то место – 183 дестинации без виза: Хрватска, Латвија, Словачка, Словенија

• 10-то место – 182 дестинации без визи: Исланд, Литванија, Соединетите Американски Држави

Доминацијата на Европа на врвот на рангирањето

По азиските лидери, следи вистинската доминација на Европа. Третото место на глобално ниво го делат седум членки на Европската Унија: Данска, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија и Шпанија. Носителите на пасоши од овие земји можат да патуваат во 189 земји без виза.

Само малку зад нив, на четвртото место, се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и Шведска, чии пасоши отвораат врата кон 188 дестинации. Грција, Швајцарија и Нов Зеланд ги заокружуваат петте најмоќни пасоши во светот.

Македонскиот пасош е на 38- то место

Македонскиот пасош е на 38- место со пристап до 130 земји без виза, Србија е на 34-то место, Црна Гора е на 40-то место, Албанија на 43- то, а Босна и Херцеговина е на 42-ро место.

Велика Британија и САД го губат влијанието

Една од најзначајните промени на рангирањето се однесува на поранешниот лидер. Велика Британија, која имаше најмоќен пасош во 2015 година, падна за уште едно место и сега е на шестото место, со пристап до 186 земји.

Соединетите Американски Држави, кои беа на врвот на листата во 2014 година, сега се на десеттото место, што е нивно најниско рангирање во 20-годишната историја на индексот. Американскиот пасош овозможува влез во 182 дестинации. Компанијата „Хенли и партнерс“, која стои зад истражувањето, го припишува овој пад на сè порестриктивните политики за влез на двете земји.

Од друга страна, земји како Обединетите Арапски Емирати (8-мо место), Саудиска Арабија (54-то место) и Кина (60-то место) бележат брз раст благодарение на новите безвизни договори и леснотијата на влез за странците. „Пристапот мора да се заработи и одржи. Оние кои инвестираат во дипломатски односи имаат тенденција да напредуваат“, заклучи Кристијан Каелин, претседател на „Хенли и партнерс“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Црвена Ѕвезда победи во Гибралтар на меч каде ВАР ја повлече најсмешната линија! (ВИДЕО)
Следна Статија Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Од ЈО не протекуваат информации до криминалци за истраги кои се водат против нив

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, нема информација каде е поранешниот вицепремиер, Артан Груби, но во тек е истрага. Во интервју за…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стефановски: Oва е демонстрација на сила и праќање на порака за контрола и обележување на територии

Вчерашната прослава на албанското знаме која беше проследена со низа инциденти има ракопис на обид за дестабилизација. На прв поглед…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните попладне ќе добијат СМС порака, еве за што се работи

Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting, со цел проверка на техничките…

August 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тасевски: Во М-НАВ се користи опрема од 1999, може да се случи „Кочани 2“

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски смета дека премиерот Христијан Мицкоски е лошо информиран од менаџментот во…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?