Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: 23 Октомври е завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода

Објавено October 23, 2025 16:02
Сподели
Сподели

Секој народ се изроди низ борба, откажувања, безброј жртви и силна вера и копнеж за својата слобода. Нашиот, иако по бројност мал, веројатно ја има најживописната борба за слобода, која нè учи дека нема невозможни работи и дека борбата за слобода е еден трнлив пат, испишан со крв и страдања, една голема и долга низа на востанија, на човечки приказни за храброст, за мудрост, но и на предавства, завери, меѓусебни и надворешни борби, подвлече во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски, на свечената академија „Од идеја до држава“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

-На денешен ден се роди организацијата што потоа ги одбележа сите буни и востанија, која чекореше паралелно со Македонија низ нејзиното создавање. И тој сон за слобода, таа мајка на борбата на нашиот народ – ВМРО – му припаѓа на секој еден кој ја сака и почитува нашата борба, во чие срце пламти зборот Македонија. На 23 октомври 1893 година се создаде Внатрешната македонска револуционерна организација – идеја што ја надживеа својата епоха, луѓето и сите граници, истакна Мицкоски.

Тој кажа дека од таа скромна соба, со само неколку раце и многу срца, започна големата приказна за македонската борба и, како што рече, тие млади револуционери не беа генерали, не беа владетели, туку обични луѓе кои одбраа нешто повисоко од животот – да ѝ дадат иднина на татковината.

-Со перо, со збор и со клетва тие ја создадоа организацијата што ќе стане симбол на непокорот, на саможртвата и на вечниот стремеж кон слобода. Од таа искра во Солун се разгоре огнот на Илинден, се зацврсти духот на Крушево, се роди државноста во АСНОМ, се испиша современата историја на македонскиот народ, рече премиерот.

Мицкоски посочи дека секојпат кога пред нас стоеле темни времиња, кога се чинело дека Македонија ќе биде избришана, токму духот на ВМРО го чувал името, верата и достоинството на овој народ.

-Затоа, 23 Октомври не е само датум – тоа е завет. Завет дека Македонија никогаш нема да биде ничија туѓа мисла, туку вечен порив за слобода, правда и иднина. И додека го чествуваме овој ден, се поклонуваме не само пред храброста на тие први борци, туку и пред идејата која и денес нè повикува – да бидеме достојни наследници на нивната верба и нивниот сон, истакна тој.

Премиерот нагласи дека денес не славиме само минато, туку го славиме духот на трајноста и оти 23 Октомври е повик кон совеста – да бидеме достојни на тие што ни ја подарија слободата, да ја чуваме Македонија со истата решеност со која тие ја создаваа.

-ВМРО е мислата што не умира – затоа што е родена од љубов кон слободата, а слободата е вечна. Силата на ВМРО не била во оружјето, туку во идејата дека правдата е посилна од стравот. И доказите за таа челична волја и таа саможртва не се напишани само во книгите, туку можете да ги видите низ живите споменици под дабовите на Мечкин Камен, по улиците и духот на Крушево, низ славните битки и востанија на нашиот народ. Затоа и Македонија треба да се чува, затоа што зад оваа држава стојат илјадници животи кои се дадени за нејзината слобода. И тоа е нешто што нè обврзува и задолжува, нагласи тој.

Мицкоски посочи дека во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ.

-Како премиер на државата, свесен сум за секој еден од нив, и покрај сите нив, еден од најважните е битката за стандардот и подобриот живот. Тоа е она што го бара и што му е потребно на народот. И битката за Европската Унија треба да се гледа низ поривот за подобар живот и стандарди, и затоа таа наша цел, и покрај сите удари и пречки, остана патот што сакаме да го изодиме. И овој пат е наше природно право, и иако многу пати откажувањата што ги направивме не беа фер, народот со разочарување и со кнедла во грлото ги прифаќаше. Не е едно, не се две, туку тоа полека станува непринципиелен начин на однесување, подвлече премиерот во своето обраќање на свечената академија „Од идеја до држава“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври во Македонскиот народен театар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година
Следна Статија Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите

Уставниот суд поведе постапка за член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидско осигурување,…

November 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска за Курбан Бајрам: Да се потпреме еден на друг, суштински да се залагаме за благосостојбата на сите наши сограѓани и за просперитет на татковината!

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница,…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

САД го запираат издавањето имигрантски визи за Македонци, на листата се 75 држави

Соединетите Американски Држави донесоа радикална одлука за привремено стопирање на издавањето имигрантски визи за државјаните на 75 земји, меѓу кои…

January 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена влада, градиме држава за идните генерации со многу нови проекти, инвестиции и мерки кои ќе донесат позитивни промени

Овие први 100 дена од изборот на нашата влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?