Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија

Објавено October 28, 2025 19:44
Сподели
Сподели

Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава сочинуваат повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет на електрична енергија. Бројката е 56 проценти во 2024 година. Ова покажува големо достигнување и претставува јасен сигнал дека нашата енергетска транзиција е во тек, рече министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на првата пленарна сесија што се одржа во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14).

Како што истакна Божиновска, структурата на овој напредок е уште повпечатлива ако се земе предвид дека фотоволтаичните електрани сега претставуваат 28 проценти од инсталираниот капацитет, заменувајќи ги големите хидроелектрани со 24 отсто.

-Минатата година производството на сончева енергија се зголеми за 180 проценти во споредба со претходната година. Овие бројки зборуваат многу, а успехот не е случаен, туку е резултат на нашите јасни цели, на стабилната легислатива и силните партнерства. Нашата Влада креираше поволна средина за приватни инвестиции со поедноставување на издавањето дозволи, воведување механизам за поддршка базиран на пазарот и обезбедување транспарентност во управувањето со енергијата, нагласи министерката.

Дополни и дека Македонија инвестира во нови проекти за соларна и ветерна енергија.

-Овие инвестиции се неопходни за одржување на сигурноста и флексибилноста, бидејќи интегрираме повеќе ресурси за чиста енергија. Но, со прогресот доаѓа и одговорноста. Како што расте капацитетот за обновлива енергија, нашиот фокус мора да се префрли кон системска интеграција, регионални интерконекции и дигитални иновации, технологии за складирање. Прекугранични размени на енергија ќе го направат нашиот систем многу поотпорен и поврзан со eвропската мрежа за чиста енергија, истакна Божиновска според која, нашиот успех не зависи само од напорите дома, туку и од меѓунродната соработка.

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, посочи дека за да се привлечат финансии, реформите мора да бидат кредибилни и согласно законот. Зад нив треба да застанат институциите за инвеститорите да имаат доверба.

Лорковски оцени дека во регионот се одвива евидентна енергетска транзиција.

-Во 2024 година само интензитетот на јаглеродот се намали во просек за 11 проценти додека обновливиот капацитет се прошири за повеќе од 50 проценти. Ова се факти на кои треба да бидеме горди. Македонија, Србија, Молдавија, Црна Гора се приближуваат на патот кон поврзување на нивните пазари на електрична енергија со ЕУ дури и пред нивното членство во Унијата. Ова поврзување на пазарите е клучно за колективната регионална енергетска транзиција. Од една страна, тоа ќе ја поттикне диверзификацијата за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија, а од друга страна ќе ја забрза декарбонизацијата, создавајќи единствен транспарентен простор каде што чистата енергија може да се натпреварува, поддржана од ценовни сигнали што ја наградуваат ефикасноста и инвестициите во обновливи извори на енергија, истакна Лорковски.

Според Петер Холица, заменик државен секретар за прашања на ЕУ и меѓународни односи во Министерството за енергетика на Унгарија, физичкото поврзување на мрежите, како и хармонизирањето на пазарните правила и стандарди се само некои од битните начини за енергетска интеграција на регионот.

Тој укажа и на значењето на нуклераната технологија и природниот гас кои, рече, се многу важни за успешна енергетска транзиција.

По оваа, следува уште една пленарна сесија, а во попладневниот дел од форумот се предвидени неколку панели на кои тема ќе биде и енергетската поврзаност, отпорност и безбедност.

Меѓународниот форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) е насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, а го отворија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Армен Григоријан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во рамки на форумот се очекува да биде потпишана „Скопје декларација“ – документ што ќе остане како значаен траен запис за заложбите на земјите учеснички кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нетанјаху нареди напади врз Газа
Следна Статија Reuters: Откривме крипто мрежа на семејството Трамп, за 6 месеци заработиле 800 милиони долари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Изработен првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата

Стопанската комора на  Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: За еврообврзницата постигнавме најконкуретна цена

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оцени дека условите за 10-тата еврообврзница се најконкурентна цена на задолжување што државата ја…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во тек е изработка на нов просторен план на државата

Во тек е изработка на нов просторен план на државата, токму од страна на Агенцијата за планирање на просторот, истакна…

December 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија

Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, информира министерката за финансии,…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?