Се одложи седницата на Советот за јавни обвинители на која требаше да биде назначен вршител на должност државен јавен обвинител откако Љупчо Коцевски пред два дена си даде оставка.
До одложувањето дојде поради отсуство на еден од членовите на Советот, односно не беше присутна обвинителката Јелена Догазанска-Колева.
Предлогот за одложување го даде обвинителот Ермон Незири, што беше прифатено од членовите со образложение дека тоа е значајна функција во државата и дека Советот треба да биде во полн состав при изборот на привремен наследник на Коцевски. Членовите на Советот се договорија седницата да ја презакажат за в понеделник во 11 часот.