Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > 68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана
ЗДРАВЈЕ

68 лица остануваат да се лекуваат во странство – еден пациент испишан од Љубљана

Објавено April 6, 2025 19:15
Сподели
Сподели

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана. Неговиот медицински третман го продолжува во друга држава, каде лицето има здравствено осигурување, информираат попладнево од Министерството за здравство, околу пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти“, се наведува во соопштението.

Во државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника Свети Наум Охридски, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во Систина, според податоците на Министерството.

„Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти“, тврдат од Министерството.

Пожарот во дискотеката Пулс во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија шеесет млади луѓе.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Раим Баки, виртуозот кој сними над 600 песни и настапуваше со Сариевски, Бадев и Илиева
Следна Статија ЦУК: Брзо е пронајден планинар кој се изгубил кај Мрежичко на Кожуф

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри: „Дарувањето на органи е највисока форма на човекољубие и хуманост“

Кај 29 годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција…

February 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

Имавме неколку контроли и не беа констатирани неправилности, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски. Прес-конференцијата следи…

August 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Ина Многуфина: За некоја година ќе си гледаме на јутјуб како да си пуштиме сами инфузија, лани си отишле 2000 медицински сестри од државава

- Лани си отишле 2000 медицински сестри од државава. Секоја година си одат се повеќе, ги едуцираме и им ги…

May 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: На пациент повреден во пожарот во Кочани му е направена трансплантација на лице

На пациент повреден во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се лекува во еден во центрите во странство му…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?