Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
ЕКОНОМИЈА

Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Објавено April 8, 2026 18:02
Сподели
Сподели

Собранието, попладнево, во рамките на 97. седница, со 68 гласа „за“ и 15 „против“ го избра Ацо Ристов за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

– Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Поседува силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање. Ристов е член на Комората на овластените архитекти и овластените инженери на Македонија со овластување А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва категорија – наведе Комисијата за прашања на изборите и именувањата во предлог-одлуката за именување на Ристов, што ја усвои на 17 минатиот месец.

Во текот на расправата пратенците од опозицијата оценија дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле партиски кадар за претседател на РКЕ, а од власта посочија дека Ристов ги исполнува условите и оти со своето искуство, знаење и авторитет заслужува да биде на позицијата.

Амар Мециновиќ од Левицата оцени дека Ристов не може да биде независен во раководењето на РКЕ затоа што, како што посочи, е близок соработник на премиерот.

Тој најави дека ќе го оспори назначувањето на Ристов со формална претставка до Европската енергетска заедница затоа што „ги нарушува критериумите на ЕЕЗ и не е независен, туку директно политички кадар на ВМРО-ДПМНЕ“.

Митко Трајчулевски од СДСМ, пак, посочи дека Ристов е поранешен градоначалник и оти доаѓа од бизнис-секторот како сопственик на мали хидроцентрали, од што се откажува пред да конкурира за позицијата во РКЕ. – Освен формално правни работи, треба да имаме и етика и морал, зад него секогаш ќе стои сенката на поврзаност со бизнис-интереси. Назначувањето ќе отвори сериозни дилеми и загриженост и кај нашите меѓународни партнери и кај ЕЕЗ – рече Трајчулевски.

Во реплика Бојан Стојановски од ВМРО-ДПНЕ повика да се зборува со факти и оти ставовите на СДСМ не се во насока на тоа дали кандидатот е квалитетен или не. Истакна дека претседателот на РКЕ се бира исклучиво според Законот за енергетика и оти Ристов ги исполнува сите можни услови што се наведени во законот.

– Ристов и тоа како заслужува да биде претседател на РКЕ, има три децении искуство, има знаење, докажан е во работењето и има општествен авторитет. Предлагаме лица кои се квалитетни и со соодветно образование и ги исполнуваат условите од законот – рече Стојановски.

Поранешниот претседател на РКЕ, Марко Бислимовски, поднесе оставка од функцијата на 12 февруари годинава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Која е фирмата што ќе копа антимон со парите од САД?
Следна Статија Уапсени 11 лица по пукањето пред израелскиот конзулат во Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Инфлацијата оваа година меѓу 3,5 и 4 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите во Петровец, посочи дека проекциите на Владата за инфлацијата во 2025 година…

November 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Со Косово потпишуваме меморандуми за соработка во три области

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Македонија и Владата на Косово, кадешто по завршувањето ќе…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра

За неполни шест месеци се почнати осум нови инвестиции во вредност од над 700 милиони евра кои потенцијално ќе вработат…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

МЕПСО: Преносниот систем е стабилен, досега нема потреба од активирање на привремените мерки

Засега не постојат никакви ризици по стабилноста на преносната мрежа во државата. Електроенергетскиот систем е стабилен, сигурен и под 24-часовен…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?