Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел

Објавено April 26, 2026 10:36
Сподели
Сподели

Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел. Сега има аргументи и „за“ и „против“. Јас сум еден од поборниците дека треба да ги отвориме листите. И граѓаните, освен партијата што ќе ја направи листата, мислам дека треба да имаат право да изберат свој омилен пратеник. Ова го истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши на дебатата „Гласот на граѓаните во Собранието: Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

– Mислам дека така ќе се зголеми демократичноста и дигнитетот на пратеникот. Тогаш пратеникот кој добил бил 10-tи на листа или 20-ти, а станал пратеник, тоа не е по заслуга само на лидерот, туку тој доаѓа во Собранието со гласовите на народот и тогаш неговата одговорност не се врзува само за лидерот и партијата, туку и за граѓаните. Овој дел навистина е многу битен, треба да го разговараме, не дека не го разговараме. Треба да бидеме храбри. Веќе има работна група која работиnaза изборниот модел. Повикувам да дојдеме до тој ден кога ќе ги отвориме листите. Достоинството на еден пратеник може да се одбрани од две страни. Прво, тоа е како јавноста реагира на личноста и колку тој возвраќа и работи за својот дигнитет. Значи, обострана улица е и мора да ги разјасниме двете компоненти. Јас мислам дека недоволно добро стоиме и во двата правци – рече спикерот Гаши.

Потенцира дека потребно е во земјава да има поголема политичка медиумска култура кај граѓаните.

– Мислам дека ни треба поголема медиумска писменост или поголема политичка медиумска култура. Но, воопшто јавноста, порталите, мноштвото на можноста со социјалните мрежи секој да даде мислење, лошата вест стана вест. Се помалку зборуваме за добрите страни и на пратеникот и Собранието. Мислам дека како општество, како држава, освен што критикуваме, треба да секој од нас заради својата лична граѓанска одговорност, треба да знаеме што е државен интерес. Не можеме да плукаме и секогаш само да критикуваме. Мислам дека треба да работиме на медиумската писменост на граѓаните, да можат да работат и да препознаваат што е добар и лош пратеник, што е добра и лоша вест и од друга страна, тоа мислам дека ќе наведе до ситуација да пратениците бидат поодговорни кон таа публика и кон гласачите – рече тој.

Порача дека нема силно Собрание, без силни пратеници и дека не треба да се генерализираат сите пратеници и постојано сите да се плукаат, бидејќи, како што посочи, во Собранието има и одлични пратеници.

– Убеден сум дека ќе ни треба време. Ние сме релативно млада демократија. Јас сум убеден дека сме на прав пат, но ќе ни треба време ако сите заедно работиме во некои рамки кои би ги определиле и кои знаеме дека ќе не донесат до тој момент каде ќе го храниме дигнитетот на институциите. Не можеме да имаме силна држава, ако немаме силно Собрание. И нема да имаме силно Собрание, ако немаме силни пратеници, ако постојано плукаме и само критикуваме и сите ги генерализираме. Обично денес граѓаните имаат негативна перцепција за сите пратеници. Јас ви тврдам дека имаме одлични пратеници. Има и пратеници кои не се на своето ниво на кое би требало да бидат – истакна спикерот Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тајната служба на САД: „Кукавица се обиде да предизвика национална трагедија“
Следна Статија Трамп: Ова нема да ме одврати од војната во Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вечерва на скопскиот аеродром ќе пристигнат евакуираните македонски државјани од Израел

Евакуираните македонски државјани од Израел, кои преку Египет се враќаат во Република Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Студен бран од север доаѓа во Македонија

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе Од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата…

November 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЈПДП: Се укинува наплатата со МКард на лентите за МТАГ за да нема застој во сообраќајот

Јавното претпријатие за државни патишта ги известува корисниците на услугите на наплатните станици дека согласно со оперативните измени во функционирањето…

May 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Советот на Град Скопје ги намали хонорарите од 10 на 8 илјади денари за членовите на Управните и Надзорните одбори во јавните претпријатија

Советот на Град Скопје ги намали надоместоците на членовите на управните одбори и на надзорните одбори на јавните градски претпријатија,…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?