Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > 72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари
ХРОНИКА

72-годишен битолчанец со хебла и пиштол се обидел да ограби продавница за брзи пари

Објавено January 18, 2025 13:49
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, сторено согласно член 19 (во обид), како и – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 72-годишник, на 15 јануари, влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата “Прилепска” во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото.

Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено.

При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби
Следна Статија Човек висел 70 километри на воз кој возел со брзина од 282 км/ч

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Починат 46 годишен битолчанец во апартман во Дојран

На 12.06.2026 во Полициското одделение Нов Дојран е пријавено дека во апартман во Стар Дојран е пронајден починат маж(46) од…

June 13, 2026
ХРОНИКА

Обвинение против две лица за поседување оружје и муниција во Скопје

По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека…

December 6, 2024
ХРОНИКА

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три службени лица од МЗШВ

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство – Скопје против три службени лица во Министерството за…

November 8, 2024
ХРОНИКА

Ристова: Државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи Рибникар( скраја било)

Адвокатката Маја Ристова повторно реагираше за случајот со врсничкото насилство во Штип, откако добила решение од Вишото јавно обвинителство во…

July 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?