Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 8,5 милиони странски туристи ја посетија Шпанија во април, 10,1% повеќе од минатата година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > 8,5 милиони странски туристи ја посетија Шпанија во април, 10,1% повеќе од минатата година
Blog

8,5 милиони странски туристи ја посетија Шпанија во април, 10,1% повеќе од минатата година

Објавено June 3, 2025 20:03
Сподели
Сподели

Бројот на странски туристи во Шпанија во април се зголеми за речиси 10,1 процент во споредба со истиот период од претходната година, на 8,56 милиони, што претставува најуспешен април за туризмот во историјата на оваа земја од почетокот на мерењата, објави денес Шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Повеќе од 1,6 милиони туристи од Велика Британија ја посетија Шпанија во април, што е за 11,1 процент повеќе во однос на истиот месец минатата година.

Бројот на туристички посети од Германија скокна за 13,7 проценти во споредба со истиот период од претходната година, на 1,3 милиони, а од Франција за 10,5 проценти, на 1,3 милиони.

Во април, странските туристи најмногу ги посетија Каталонија, Андалузија и Балеарските Острови, а повеќето од нив поминаа помеѓу четири и седум ноќевања во Шпанија.

Во првите четири месеци од 2025 година, бројот на туристи што ја посетија Шпанија се зголеми за 7,1 процент, на речиси 25,6 милиони.

Вкупната потрошувачка на странски туристи во Шпанија во првите четири месеци се зголеми за 9,3 проценти во споредба со истиот период минатата година – на 34,3 милијарди евра, а рекордите беа срушени во секој од четирите месеци, објавува „Паис“.

Министерството за индустрија и туризам на Шпанија смета дека ова е добредојден сигнал што укажува на отстапување од масовниот туризам.

Доколку оваа стапка на раст продолжи во текот на преостанатите осум месеци од годината, Шпанија до крајот на годината ќе ја посетат повеќе од 100 милиони патници, кои ќе потрошат околу 137,5 милијарди евра во земјата, заклучува шпанскиот весник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на Вреди за локалните избори
Следна Статија Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Уште една фабрика во Германија се затвора, малку работници ќе останат

Германскиот производител на автомобилски седишта „Рекаро аутомотив“ доби нов сопственик, италијанската групација „Прома“, а неговите погони во родната Германија ќе…

December 7, 2024

(ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

Најголемите аеродромски центри во Обединетите Арапски Емирати, Меѓународниот аеродром во Дубаи (DXB) и „Ал Мактум“ (DWC), од денеска се целосно…

February 28, 2026
Blog

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат – државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, гостуваше во Тема на денот на Сител…

February 8, 2026
Blog

Клековски ги нарече докторите кои коментираат за Гостивар „слободни јавачи на епидемијата“, Пановски, Беќаровски и Ристески му возвратија

Случувањата со водата во Гостивар предизвикаа „караница“ помеѓу новоназначениот министер за здравство, Сашо Клековски и докторите кои на социјалните мрежи…

July 23, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?