Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит, најави Мицкоски

Објавено November 24, 2024 17:20
Сподели
Сподели

Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“  во скопското село Булачани.

Нагласи дека за да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.

– Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Базен,теретана, раскош: Ѕирнете во домот на Никола Јокиќ
Следна Статија Светот постигна нов климатски договор – 300 милијарди годишно за посиромашните земји за да се справат со климатските катастрофи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ангеловска – Бежоска – Петрова: Преку соработка на институциите до зголемена заштита на граѓаните

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и дел од тимот на Народната банка остварија средба со директорката на Управата за јавни приходи, Елена…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Целта е да имаме брз и ефикасен транспорт, да се забетонираме на мапата на карго Европа

Во централниот дневник на Сител телевизија, во „Тема на денот“, гостуваше Синиша Ивановски, директор на ЈП ЖРМ Инфраструктура и претседател…

May 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дополнетиот предлог на буџетот за 2025 утре на собраниска седница

Во Собранието се очекува утре да почне расправата по Дополнетиот предлог на буџет на Република Македонија за 2025 година, како…

December 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славевски: Стабилниот и одговорен банкарски сектор како неопходна потпора за економијата

 Во услови на светска неизвесност и постојани економски предизвици, воспоставувањето стабилен, добро капитализиран и одговорен банкарски сектор претставува суштинска потпора…

June 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?