Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност
ПОЛИТИКА

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата кој значи модернизација и зголемена конкурентност

Објавено November 25, 2024 19:30
Сподели
Сподели

Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, вечерва гостуваше Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше за економската ренесанса која е во тек и се случува на Македонија, а која на опозицијата не и одговара како и за договорот меѓу Владата и банките околу унгарскиот заем.

„Целата македонска јавност, а и оние коишто се можеби највеќе заинтересирани-приватниот сектор, фирмите кои ќе можат да ги користат бенефитите од овој кредит, видоа факт дека средствата во износ од 250 милиони евра ќе бидат со каматна стапка од 1,95% на грејс период до три години и петнаесет години рок на отплата, односно извонредни услови за отплаќање и практично паднаа во вода сите оние лаги и клевети коишто ги ширеа социјалдемократите и оние врвни луѓе кои се претставуваат како нивно раководство“, вели Лефков.

Според него опозицијата е составена од луѓе кои се спротивставуваат на еден инвестиционен циклус којшто треба да се случува во македонската економија и кој се состои во нови инвестиции, објекти, проширување на индустриското производство, објекти за поддршка на соодветните дејности, со еден збор целосна модернизација која ќе донесе зголемена конкурентност на македонската економија.

„Зголемувањето на конкурентноста на македонските компании комбинирано со оној инвестициски бум којшто го најавува новиот буџет којшто го најавува Владата од 50,5 милијарди денари и комбинирано со проектите што се случуваат на општинско ниво, ќе ве потсетам 100 милиони евра или некаде околу 360-370 капитални проекти кои се започнати да се реализираат, уште 250 милиони за наредната година со Предлог-буџетот за 2025 година, значи една година во која ќе имаме над 800 капитални проекти во локалната самоуправа и околу 300 милиони евра кои ќе треба да ја поттикнат македонската економија“, објаснува Лефков.

Тој појаснува дека економијата базично е како „оган“ во кој ако се додаваат енергенси, гориво и ако тоа гориво е енергетски исплатливо тогаш таа ќе се развива, ќе дава резултати, затоа на овој начин Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата презентира нов концепт на водење на економијата за разлика од претходниот, воден од СДС и ДУИ кој се засноваше на зголемување на јавната потрошувачка која за жал донесе двојно повисока инфлација и осиромашување на народот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во спиналниот центар на Клиниката за трауматологија изведени четири операци на ‘рбетен столб кај деца со сколиоза кои биле на листата за во странство
Следна Статија Мисајловски: Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ја информирам опозицијата, нема да ја повторувам нивната грешка

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на…

October 8, 2024
ПОЛИТИКА

Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош

Кандидатките за градоначалнички на Скопје и на Карпош од СДСМ, Каја Шукова и Маја Мојсова, од Млечен ресторан денес најавија…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ бара да се повлече одлуката за назначувањето на Богојески

ДУИ бара итно повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески за директор. Одлуката ја нарекува срамна и директно ја…

April 10, 2025
ПОЛИТИКА

Попов: Го поднесовме Законот со кој секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за таблет, компјутер или лаптоп

Денеска заедно со моите колеги го поднесовме Законот за издавање на вредносни ваучери со кој секој студент на додипломски студии,…

July 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?