Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст
ЗДРАВЈЕ

Во земјава се зголемува бројот на деца со низок раст

Објавено November 25, 2024 21:45
Сподели
Сподели

Претседателот на здружението на граѓани „Раст“, Aлександар Петковски информира дека за жал степенот на дијагностицирани деца со низок раст во земјава е висок.

Дијагнистицирањето на заостанување на растот кај децата во земјава е дури во 11 и 12 година од животот, а тоа најчесто го откриваат нивните родители. За ендокринолозите и Здружението на граѓани „Раст“ тоа е доцна фаза. Земајќи го во предвид фактот дека последните години во Велес и земјава има зголемен број на откриени случаи на деца со низок раст, односно деца кои имаат проблеми со овој вид на хормон, граѓанската организација „Раст“ и лекарите ендокринолози денеска во Европската куќа на млади во Велес одржаа едукативно предавање

    Со ова предавање воедно беше реобновена кампањата за јакнење на свеста за предизвиците со кои се соочуваат децата со низок раст, а која беше запрена во 2013 година, а сега организаторите на кампањата добија поддршка од Министерството за труд и социјална политика.

    Претседателот на здружението на граѓани „Раст“, Aлександар Петковски информира дека за жал степенот на дијагностицирани деца со низок раст во земјава е висок.

    – За потребите на реализација на кампањата изработивме Прирачник и голем број постери, на кои освен прикажаните деца во природна величина на краевите се наоѓа отпечатено метро што во детските амбуланти ќе може да се користи и за мерење на висината на детето додека се чека на преглед. Измерената бројка на висина на нивното дете, пожелно е родителите да ја соопштат на лекарот за да може да побараат и совет дали и како нивното дете расте. Во нашата држава имаме четири видови на хормон за раст и затоа не е потребна грижа од страна на родителите, потенцира Петковски.

    Воедно, тој најави дека ќе ги посетат сите градови во земјава, а лекарите ендокринолози ќе одржат едукативни предавања со лекарите во јавните здравствени институции и со заинтересираните од приватните.

    Инаку, едукативното предавање „Рано предавање на пореметувањето на растот кај децата и навремен третман со хормон за раст“ во Велес го организираа ЈЗУ Општа болница Велес и ЗГ„Раст“. Едукацијата ја посетија здравствени работници на велешка болница и на ЈЗУ Здравствен дом, лекари, во поголем број педијатри и медицински сестри, како и преставници на основни и средни училишта во градот. Нив ги едуцираше проф. др Марина Константинова Крстевска – спец. еднокринолог педијатар од Клиника за детски болести Скопје.

    Таа појасни дека постои и мобилна апликација за брза проценка на раст, која што освен родителите можат да ја симнат и лекарите.

    Сподели ја оваа статија
    Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
    Сподели
    Претходна Статија (ФОТО) Кој сака да работи има работа: Раде Штекли бара лично обезбедување и дава плата од 3000 евра
    Следна Статија МВР објави голем оглас, ова се професиите што се бараат

    БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

    ЗДРАВЈЕ

    По еден месец на Клиниката за онкологија пристигна биолошката терапија

    Пристигна биолошката терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија, потврдија од клиниката. Од таму велат дека на клиниката ги има…

    April 25, 2025
    ЗДРАВЈЕ

    Проф. д-р Данева Маркова: Постои тренд на предвремено породување во сезоната кога загадувањето е најголемо

    Возраста, загадувањето, стресот, начинот на живот, телесната тежина, физичката активност…, се меѓу ризичните фактори за неуспешна бременост. Во последните неколку…

    March 8, 2025
    ЗДРАВЈЕ

    Откритие што ќе доведе до нови начини за лекување РАК: Доделена Нобеловата награда за медицина

    Двајцата истражувачи од Масачусетс ја добија Нобеловата награда за медицина. Американските професори Виктор Амброз и Гери Рувкун денеска беа наградени…

    October 7, 2024
    ЗДРАВЈЕ

    Клиниката за уво, нос и грло доби опрема што е реткост во регионот

    Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу денес ја посетија реконструираната Клиника за уво, нос и грло во…

    August 1, 2025
    Trending
    contact@trending.mk

    © Trending.mk  |  All Rights Reserved.

    Импресум
    Welcome Back!

    Sign in to your account

    Username or Email Address
    Password

    Lost your password?