Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Елтон Џон: Го изгубив видот на десното око поради инфекција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Елтон Џон: Го изгубив видот на десното око поради инфекција
ЗАБАВА

Елтон Џон: Го изгубив видот на десното око поради инфекција

Објавено November 27, 2024 08:45
Сподели
Сподели

Музичката легенда Елтон Џон откри дека го загубил видот на десното око откако летово се заразил со инфекција која делумно го ограничила видот на десното око.

Зборувајќи за Good Morning America, пејачот објасни како состојбата влијаела на неговата способност да создава музика.

-За жал, го изгубив видот на десното око поради инфекција која ми се случи во јули на југот на Франција. Поминаа четири месеци откако не гледам. Но, ниту моето лево око не е многу добро, изјави Елтон.

Кантавторот нагласи дека иако има надеж дека видот ќе му се подобри, моментално се соочува со големи предизвици во снимањето на нова музика.

-Има одредена надеж и охрабрување дека ситуацијата ќе се подобри. Сепак, во моментов се чувствувам како да сум во застој, бидејќи додека можам да правам вакви интервјуа, се соочувам со тешкотии кога станува збор за снимање во студио. Имено, проблемот е што едноставно не можам да ги читам текстовите, што ми оневозможува да продолжам со работа, изјави Елтон.

77-годишникот откри дека инфекцијата настанала во текот на летото, но дека процесот на закрепнување е бавен и ќе биде потребно извесно време за целосно да му се врати видот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на почетокот на третата фаза од инвестицијата на германскиот КОСТАЛ
Следна Статија Ромски хороскоп предвидува светла иднина за овие три хороскопски знаци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Британската кралица се уште користи „цигла“: Синот на Камила откри каков телефон има неговата мајка

Британската кралица Камила не ја користи апликацијата ВатсАп бидејќи користи стар модел на телефон кој не е поврзан на интернет,…

November 5, 2024
ЗАБАВА

Јапонците измислиле машина за перење- луѓе: Го прочистува и умот (ВИДЕО)

Компанија од Осака претстави револуционерен уред кој може да го промени начинот на кој ја доживуваме хигиената и релаксацијата. Станува…

November 24, 2024
ЗАБАВА

Спектакл: Бугарска матурантка пристигна на забавата качена на – багер (ВИДЕО)

На X платформата, поточно профилот „на една българка“, беше објавено видео кое го привлече вниманието на корисниците, придружено со следната…

May 30, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Новата фризура на Доналд Трамп ги запали социјалните медиуми

Препознатливата фризура на Доналд Трамп беше иконски дел од неговиот бренд долго пред да зачекори на политичката арена. Но, новото…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?