Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Преку активни мерки за вработување ќе работиме на подобрување на пазарот на труд и зголемување на вработеноста

Објавено November 27, 2024 14:10
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска се обрати на конференцијата „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Република Македонија“ организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

„Владата во чиј состав е и Министерството за економија и труд јас како Министер за економија и труд, во наредниот период ќе се посветиме на тоа да развиеме и имплементираме системски пристап за справување со неусогласеноста на понудата и побарувачката на работна сила на домашниот пазар на труд и надминување на овој сериозен проблем кој ги погодува и далеку поразвиените европски економии“ кажа министерот Дурмиши во своето обраќање.

Според министерот Дурмиши, поседувањето на соодветни знаења и вештини овоможува поголема вработливост и одржливост на вработувањето. Кога лицата ги имаат вистинските знаења и вештини барани на пазарот на трудот, можат да работат на квалитетни и одржливи работни места. Од друга страна во услови на брзо менување на глобалната економија, знаењата и вештините кои се поседуваат во голема мера ја детерминираат конкурентноста, капацитетот за иновации и подготвеноста на компаниите да ги следат технолошките и други промени во работата. Кога работната сила ги има потребните знаења и вештини се поттикнуваат и инвестициите и отворањето на нови работни места. На тој начин ќе се влијае на намалување на вертикалната неусогласеност на вештини која се движи над 25%, и хоризонтална неусогласеност на вештините која е поизразена и надминува 50% во Република Македонија .

„Потребата од квалификувана работна сила на компаниите ќе се потрудиме да ја обезбедиме преку имплементација на активни програми за вработување содржани во годишните Оперативни планови за активни програми и мерки за вработување, а кои се однесуваат на различни видови на обуки кои се одвиваат во реални работни услови односно во компаниите. Такви се обуките за конкретен работодавач, обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, практикантство и сл. На тој начин невработените лица ќе се стекнат со практично работно искуство вештини кои се барани на пазарот на трудот и ќе овозможи нивно побрзо вклучување на пазарот на трудот, а од друга страна компаниите ќе имаат на располагање соодветна квалификувани работници“ кажа министерот и додаде дека ќе мораме да обрнеме внимание на современите европски трендови, кои укажуваат на сè поголема преориентација кон зелената и дигиталната економија. И нашата работна сила ќе мора да се обучува и подготвува за иднината, со фокус на зелените технологии, одржливите практики и дигиталните решенија, што ќе претставува основа за економски напредок и конкурентност.

„За таа цел, неопходно е да се инвестира во создавање инклузивен и флексибилен образовен систем кој ќе ги следи овие трендови и ќе овозможи континуирано усовршување на постоечките и идни работници. Паралелно со тоа, ќе продолжиме со поттикнување на соработка меѓу образовните институции и приватниот сектор за развивање програми кои ќе ја реализираат оваа цел“ кажа Дурмиши во своето обраќање.

Министерот истакна дека со ваквиот пристап ќе можеме да создадеме динамичен, модерен и конкурентен пазар на труд, каде понудата и побарувачката се во рамнотежа, а работната сила е подготвена да се соочи со предизвиците на иднината. Ова ќе обезбеди долгорочен економски раст и развој, стабилност на работните места но и на компаниите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен охриѓанец, при претрес пронајдена дрога и пари
Следна Статија Руски генерал: Ја подготвуваме „сатана 2“ за борбена готовност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Извршниот директор на AppLovin ги потценува ризиците од вештачката интелигенција

Извршниот директор Адам Форуги вели дека компанијата ќе продолжи да профитира од напредните AI модели

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

ССМ на 28. јануари излегува на протест

Претседателот на Советот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов информира дека донеле одлука за протест во среда на 28-ми јануари.…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818 денари…

April 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Повеќе нема да има исклучување од струја во зима – новиот закон воведува мерки против енергетска сиромаштија

Во зимските месеци, граѓаните од ранливите категории кои не се во можност да ги платат сметките за струја нема да…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?