Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Познатиот поткастер Џо Роган ги налути Украинците, велејќи дека сакаат да започнат Трета светска војна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Познатиот поткастер Џо Роган ги налути Украинците, велејќи дека сакаат да започнат Трета светска војна
СВЕТ

Познатиот поткастер Џо Роган ги налути Украинците, велејќи дека сакаат да започнат Трета светска војна

Објавено November 27, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Џо Роган, еден од најпопуларните подкастери во светот, предизвика бес во Украина откако рече дека Киев и неговите западни сојузници, а не Русија, „сакаат да ја започнат Третата светска војна“, пишува Киев Индепендент.

Роган ја критикуваше одлуката на американскиот претседател во заминување Џо Бајден да му даде дозвола на Киев за употреба на ракети со долг дострел на руска територија. Украина ги нападна Брјанск и Курск со ракети АТАКМС и „Сторм Шедоу“, а Москва возврати со напад со хиперсоничната балистичка ракета „Орешник“ во Дњепропетровск.

– Како ви е дозволено да одобрите напади во Русија кога сте претседател во заминување? Луѓето повеќе не сакаат сте таму (во Украина) –  почна Роган.

Поткастерот рече дека треба да има некаков вид пауза за дејства што можат да доведат до Трета светска војна.

– Зеленски вели дека Путин е преплашен. Ебате, човече. Вие, ебаните луѓе, сте тие кои ќе ја започнете Третата светска војна – рече Роган.

Роган ги повтори и неоснованите приказни дека Зеленски користи дрога.

– Ова е однесување како на човек кој зел кокаин. „Путин е ебено исплашен“, „Путин е преплашен“, „Го фативме, го фативме човеку“. Добро, за што зборуваме овде? Човекот има нуклеарни ракети. Ебени мајмуни – додаде поткастерот.

Ваквите погледи на познатиот подкастер предизвикаа гнев кај Украинците, па затоа Киев Индипендент направи анкета, во која ги праша жителите на оваа земја разурната од војна што мислат за ставовите на Роган.

– Нека дојде во Киев, нека дојде во Украина, да види сè со свои очи, а потоа нека донесе заклучоци. Затоа што е тешко да се процени ситуацијата од толку илјадници километри. Мислам дека тој едноставно не чувствува и не разбира што се случува во светот – рекла Наталија Романец, менаџерка за продажба.

Албина Волобуиева, продавачка во маркет изјавила:

– Чудно е. Мислев дека Американците се пристојни, добро воспитани луѓе, но она што тој го кажува за нас е едноставно навредливо.

Елисавета Коваленко, менаџерка на социјалните мрежи рекла:

– Сега ние сме едноставно заложници на Русија која дојде во нашата земја. Не ги повикавме, не ја започнавме оваа војна и не ја сакавме. Живеевме мирен живот во Украина, а тие само не нападнаа, немаме со што да се браниме.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Охриѓанец измамен поради биткоини за сума од над 700.000 денари
Следна Статија (Видео) Хаос во Белград: „Делиите“ претепале навивачи на Штутгарт

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин

Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во транспортни контејнери во пристаништето Антверпен, и приведе осум лица кои се товарат…

November 23, 2024
СВЕТ

(Видео) Немири во Турција: четврта ноќ на протести поради апсењето на Имамоглу, полицијата испука гумени куршуми

Демонстрантите кои се противат на апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, протестираа четврта ноќ по ред во тој град,…

March 24, 2025
СВЕТ

Возач фатен со 321 км/ч на автопат во Германија

Возач бил фатен како вози со неверојатни 321 км/ч (199 милји на час) на германскиот автопат А2 во близина на…

August 8, 2025
СВЕТ

Трамп укинува 90 отсто од договорите за странска помош на УСАИД

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп соопшти дека укинува повеќе од 90 отсто од договорите за странска помош на Американската…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?