Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации
ПОЛИТИКА

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Објавено November 28, 2024 10:50
Сподели
Сподели

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на партијата внесовме свежина, енергија и позитивни промени кои ги бараа членовите и граѓаните. Под водство на претседателот Венко Филипче, партијата направи значителен исчекор со тим кој претежно се состои од нови лица, докажани професионалци со силен личен интегритет, знаење и искуство, велат од СДСМ.

На првата седница на Централниот одбор, одржана во одлична и позитивна атмосфера, беа избрани членовите на Извршниот одбор, потпретседателите и генералниот секретар Александар Димитријевиќ. Потпретседатели се имињата на Кристина Костова, Менде Илиевски, екс министерката Каја Шукова и професорката Ана Чупевска. Оваа комбинација на млади, мотивирани луѓе и искусни професионалци претставува сигнал за нова насока во работењето на СДСМ, додаваат од партијата.

„СДСМ го започнува процесот на консолидација на сите нивоа, со цел да допре до членовите и симпатизерите, да ги слушне нивните предлози и преку инклузивен процес да ја гради својата нова идеолошка платформа. Работата почнува веднаш со план за посета на сите општински организации“, истакна претседателот Филипче.

Новото раководство ја истакна својата решителност и веднаш се зафаќа со спроведување на конкретни активности. Веќе е подготвен план за работа, со посети на локалните организации и иницирање нови форми на комуникација кои ќе го доближат партиското раководство до членовите и симпатизерите. Промените во начинот на делување ќе бидат насочени кон оние кои останале настрана, со цел да се вклучат во широк и инклузивен процес на креирање политики.

Со оваа енергија, новиот тим и јасна визија, СДСМ покажува дека е подготвена да го врати довербата на граѓаните и да биде предводник на позитивните промени во општеството, се додава во соопштението на СДСМ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите приказни исти се, тажни ко оваа: Шилегов посвети песна за новото раководство на СДСМ
Следна Статија Истражување: 53 отсто од Французите сметаат дека владата треба да падне

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Костова: Со пораст на трошоците за живот, созреана е потребата од 500 евра минимална плата

Трошоците за живот растат, платите стагнираат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Во услови кога животниот стандард на граѓаните е…

December 15, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да му ја превземат болницата на Жан Митрев, користеле закани и уцени

Венко Филипче и Зоран Заев уште еднаш се разобличени пред јавноста. Заев од позиција на премиер, а Венко Филипче од…

January 18, 2026
ПОЛИТИКА

Ахмети: Албанците нема да дозволат повторно да бидат „слуги во сопствениот дом“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, синоќа на собир во Арачиново, му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски прашувајќи го зошто…

May 17, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Победата во првиот круг во Демир Капија, да ја запечатиме на 2ри ноември

Победата во првиот круг е јасна, ќе ја запечатиме во вториот круг, ќе славиме на втори ноември, Наталија е новиот…

October 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?