Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Паника кај државно-вработените во САД откако Илон Маск откри имиња на федерални службеници планирани за отпуштање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Паника кај државно-вработените во САД откако Илон Маск откри имиња на федерални службеници планирани за отпуштање
СВЕТ

Паника кај државно-вработените во САД откако Илон Маск откри имиња на федерални службеници планирани за отпуштање

Објавено November 28, 2024 19:20
Сподели
Сподели

Идната администрација во Вашингтон најави драстични кратења на федералната влада а за тоа надлежни ќе бидат Илон Маск и Вивек Рамасвами, поради што, илјадници функционери и професионалци стравуваат од губење на работата.

Тие сега имаат нов проблем –  да не станат директна мета на нападите на најбогатиот човек во светот и неговите милиони следачи на Икс.

Маск неодамна сподели скриншот на Икс (поранешна социјална мрежа Твитер), со имиња и функции на четворица државни службеници кои работат како советници за заштита на околината и климатски промени. Според Си-Ен-Ен ова предизвика стравување кај многу службеници да не станат мета на онлајн напади од страна на потписиниците на Маск, кои на Х се над 200 милиони. Оригиналниот пост, кој веќе има 28 милиони прегледи, наводно ги изложил овие лица на бран од негативни критики од неговите следачи.

Маск сподели порака од друг корисникот кој напишал: „Внуката на Ненси Пелоси не треба да биде платена 181.648 долари (годишно) од даночните обврзници во САД за да биде ‘Советник за клима’ во Министерството за станбен и урбан развој (ХУД)“.

При повторното споделување на твитот, Маск саркастично коментираше: „Но можеби нејзините совети се восхитувачки.“

Според „Си-ен-ен“, еден од државните службеници чие име стоело во објавата веќе ги избришал своите профили на социјалните мрежи. Случајот следи по претходните стравувања за можни отпуштања под новата администрација поради предложените редукции во федералната влада. Иако информациите што ги споделил Маск се јавно достапни, неговите постапки навлегуваат во доменот на приватноста и безбедноста на државните службеници, особено на оние со понеистакнати улоги.

Според извештајот, неколку американски државни службеници изразиле загриженост за својата безбедност и работни места, бидејќи цел на Маск сè почесто се бирократи. Некои службеници изјавиле дека се чувствуваат физички загрозени па поради тоа биле јавно истакнати од него, додека други стравуваат дека постојаната закана од негов напад ќе ги принуди да ги напуштат своите работни места, со што фактички ќе се постигне целта на Маск за намалување на владата без формален процес на ревизија.

Во изјава за „Си-ен-ен“, Еверет Кели, претседател на Американската федерација на државни службеници, која претставува над 800.000 од 2,3 милиони цивилни федерални службеници, рече: „Овие тактики имаат за цел да посеат терор и страв кај федералните службеници. Целта е тие да се заплашат а со тоа и да не проговорат.“

Маск има историја на јавно таргетирање на лица кои ги смета за пречки или кои направиле грешки, вклучувајќи вработени во своите компании и федерални службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изградил хотел во Скопската чаршија без одобрение за градење, доби обвинение
Следна Статија АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

ДПА: Путин за време на посетата на Кина ќе го промовира новиот мултиполарен светски поредок

Рускиот претседател Владимир Путин ќе даде нов импулс на идејата за мултиполарен светски поредок за време на неговата четиридневна посета…

August 30, 2025
СВЕТ

Најмалку 48 загинаа додека чекаа ред за помош во Газа, стравувањата од масовно гладување растат

Најмалку 48 Палестинци беа убиени во израелски напад во текот на ноќта додека чекаа во ред за хуманитарна помош, според…

July 31, 2025
СВЕТ

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што…

July 7, 2025
СВЕТ

Изборниот штаб на Трамп уверен во победа во шест од седум клучни држави

Луѓето околу Трамп тврдат дека поранешниот претседател ќе освои шест од седумте клучни држави, јави Би-Би-Си додавајќи дека тоа можеби…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?