Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе се стопира покачувањето на платите во АЕК, потпишано од претходното раководство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе се стопира покачувањето на платите во АЕК, потпишано од претходното раководство
ЕКОНОМИЈА

Ќе се стопира покачувањето на платите во АЕК, потпишано од претходното раководство

Објавено November 28, 2024 20:52
Сподели
Сподели

Новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашањето од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој наведе дека со предложениот финансиски план за 2025 година ова тело предвидува приходи од 9,3 милиони денари, што е за 31 отсто помалку во однос на оваа година.

– Јас тоа го дознав од новото раководство во Агенцијата за електронски комуникации, кое што беше избрано во Парламентот пред отприлика две недели, дека раководството на одење потпишало Колективен договор заедно со директорот, кој што е кадар на Демократската унија за интеграција, овие кои што се грижат за стандардот и се загрижени многу кој е легитимен, кој не е легитимен. Потпишале ваков Колективен договор кој претходно никогаш не бил потпишан, ниту имало потреба од него, кога сите знаеме колкави и какви се примањата во Агенцијата за електронски комуникации. Добрата вест е што новото раководство, новиот Управен одбор прво што ќе направи е да ја стопира оваа одлука и ќе ги преземе сите механизми што стојат на располагање овој колективен договор да биде ништовен. Колективниот договор, ќе повторам, го потпишало претходното ракoводство каде што членот, односно претседателот на Управниот одбор е од СДСМ, а директорот кој што во моментот сѐ уште ја извршува таа позиција е од редовите на ДУИ – истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет, не знам кој глас треба да допре до ЈО за да постапи
Следна Статија Македонското знаме палено и уништено на Бит Пазар, но и „дрифтано“ над него додека се славеше албанското (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николовски – Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската…

October 25, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кон крај на јуни и на почеток на јули ќе почне изградба на ветерниот парк кај Штип кој ќе произведува електрична енергија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува странските директни инвестиции до крајот на годинава да надминат вредност поголема од една милијарда евра, со…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Народната банка води претпазлива и конзистентна политика

Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари низа билатерални средби со високи претставници на ММФ во рамките на Пролетните…

April 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миле Јанакиески влезе во градежниот бизнис

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески стана еден од сопствениците на градежниот конзорциум „Смарт инвест груп“, кој обединува…

September 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?