Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ига Швјонтек суспендирана поради допинг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Ига Швјонтек суспендирана поради допинг
СПОРТ

Ига Швјонтек суспендирана поради допинг

Објавено November 28, 2024 21:20
Сподели
Сподели

Полската тенисерка Ига Швјонтек, до неодамна број еден на планетата, падна на допинг тест и поради тоа е суспендирана.

Оваа информација ја објави Меѓународната единица за интегритет (ИТИА), истата организација која претходно беше задолжена за случајот со Јаник Синер.

Се наведува дека Ига Свјонтек била позитивна на забранетата супстанција триметазидин (ТМЗ).

Истрагата на ИТИА покажа дека причина за позитивниот резултат е контаминација на стандардната медицинска терапија што ја земала тенисерката.

Затоа, слично како кај Синер, беше донесена пресуда дека моментално втората тенисерка на планетата не сноси директна вина за позитивниот наод.

Во своја одбрана таа нагласи дека немала намера да ја внесе забранетата супстанца во своето тело. Таа објасни како нејзиниот лекар, експерт за спортска медицина, и препорачал лек кој требало да ги намали негативните ефекти од џет-лаг поради постојаното патување, без таа да знае дека лекот ја содржи споменатата забранета супстанца.

ITIA објави дека Швјонтек прифатила едномесечна суспензија откако беше позитивена на допинг тестот во август оваа година.

Казната е ваква затоа што наводно Швјонтек немала намера да користи незаконски средства.

Беше објавено дека Ига веќе била суспендирана во текот на септември и октомври кога не играла на азиската турнеја.

Во текот на оваа година Швјонтек го освои Ролан Гарос, додека во полуфиналето на Олимписките игри во Париз беше поразена од Кинеската Женг.

Таа до неодамна беше број еден во светот, кога приматот го презеде Белорусинката Арина Сабаленка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна договор: Ќе им се зголеми цената по изминат километар на приватните превозници
Следна Статија Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Томица Главчев сепак ќе го замени Перо Антиќ

Само неколку дена пред закажаното вонредно Собрание на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), сѐ поизвесно е дека нов претседател на…

April 25, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Кој го извлече подебелиот крај? Погледнете ја тепачката меѓу Делиите и навивачите на Штутгарт

Приведени се српски и германски навивачи по вчерашната тепачка пред мечот Црвена Звезда и Штутгарт. Најголем дел од приведените се…

November 28, 2024
СПОРТ

Му се скина шорцот, не можеше да го скрие пенисот, сепак победи на 400 метри со пречки (ВИДЕО)

Митингот на Златната лига во Острава, одржан во вторник, ќе биде запаметен по лошата среќа што го снајде Крис Робинсон…

June 26, 2025
СПОРТ

Раул од Партизан ќе прави нов Вардар (ФОТО)

Тренерот на машката ракометна репрезентација на Србија, Раул Гонзалез (48), официјално е назначен за нов тренер на РК Партизан, потврди…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?