Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мефо Исмаили: Ако сте храбри, палете ги знамињата на партиите кои не донесоа до ова дереџе, а не соседот и сограѓанинот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мефо Исмаили: Ако сте храбри, палете ги знамињата на партиите кои не донесоа до ова дереџе, а не соседот и сограѓанинот
МАКЕДОНИЈА

Мефо Исмаили: Ако сте храбри, палете ги знамињата на партиите кои не донесоа до ова дереџе, а не соседот и сограѓанинот

Објавено November 29, 2024 20:46
Сподели
Сподели

Новинарот Мефо Исмаили во својата објава на Фејсбук вели дека палењето знамиња, пцуењето, навредувањето, храброста во толпата или зад маски е најлесната работа! Дури „патриоти“ од ваков тип, се во толку голем број што нема торба за да ги собере!

Смета дека по вчерашните случувања треба да се потенцираат две работи.

-Прво: Од кога ќе палите, пцуете, топењето на егото на лажниот патриотизам, дали сте свесни кому сте му служеле, кому сте му пратиле вода на воденица и кому уште повеќе му го трасирате патот за да се збогатите на сметка на вашата глупост, додека тој продолжува да ве контролира и ве остава со празен стомак?!
Второто: Ете, добро уживавте и се самозадоволивте со овие вулгарни гестови, но кога се вративте дома, дали патот по кој одевте имаше асфалт и канализација, дали ви се зголеми платата во банка, и дали станавме членка на ЕУ?!

Не, се разбира дека не, затоа што, да ги палевме знамињата на партиите и да ги критикувавме политичарите толку многу колку што ги палиме знамињата и се навредуваме, денес барем ќе имавме канализација, книги во училиштата, исто така ќе бевме дел од ЕУ, и наместо да се занимававме со вакви глупости, ќе планиравме каде ќе го поминеме зимскиот одмор, а не да седиме во страв, дали продавницата во малото ќе ми даде леб и цигари на вересија!

И кога ќе видиме дека после сето ова, како постапуваат и реагираат одредени политички субјекти, кои наместо да повикуваат на смиреност, уште повеќе го разгоруваат огнот, јасно e дека за нив најважно е граѓаните да се сиромашни и полни со злоба и омраза, наместо благосостојба и напредок на земјата.
На крај, порака до сите „Патриоти на батерии“ : Ако сте храбри, палете ги знамињата на тие партии кои не донесоа до ова дереџе и пцуете ги тие политичари, а не соседот и сограѓанинот, пипува Исмаили во објавата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Ричард Гир се отсели од Америка: „Овде е убаво“
Следна Статија Вулин за Северина: „Ѓубре едно усташко“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Томовски: Трошоците за пијалоци и апетисани намалени за 30 отсто

Директорот на службата за заеднички и општи работи Ивица Томовски, на социјалните мрежи објави дека се намалени трошоците за набавка…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел

Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел. Сега има аргументи и „за“ и „против“. Јас сум…

April 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тензично пред болницата во Кочани: Родителите не даваат телата на децата да се носат на обдукција во Скопје

Дел од родителите кои ги загубија своите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не даваат безживотните тела на…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа формирање Анкетна комисија што ќе ги разгледува трагедиите во Кочани, модуларната болница, „Дурмо турс“ и „Беса транс“

Со 84 гласа „за“, без воздржани и „против“, Собранието денеска во рамките на 72. пленарна седница донесе одлука да основа…

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?