Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Црквата Нотр Дам е отворена по страшниот пожар, реставрацијата чинела 700 милиони
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (ВИДЕО) Црквата Нотр Дам е отворена по страшниот пожар, реставрацијата чинела 700 милиони
СВЕТ

(ВИДЕО) Црквата Нотр Дам е отворена по страшниот пожар, реставрацијата чинела 700 милиони

Објавено November 29, 2024 22:00
Сподели
Сподели

Реставрираната катедрала Нотр Дам во Париз беше отворена денеска, пет години по катастрофалниот пожар што ја опустоши оваа историска зграда.

Отворањето на катедралата беше емитувано во живо на телевизија, а беше извршено во присуство на Емануел Макрон, претседателот на Франција.

Бисерот на готската архитектура е детално реновиран, нудејќи им на посетителите обновен ентериер, објави Би-Би-Си.

„Дрвата за покривната конструкција доаѓаат од цела Франција, а дел од нив доаѓаат од донации“, рече Макрон.

Претседателот на Франција беше придружуван од сопругата Брижит, како и парискиот надбискуп Лоран Улрих. Официјалното отворање на катедралата е закажано за седми декември, а првата молитва ќе се одржи следниот ден.

Notre-Dame restaurée: la strucutre de la Clôture du chœur dévoilée pic.twitter.com/ls8ag45aGI

— BFM Paris Île-de-France (@BFMParis) November 29, 2024

Реставрацијата на катедралата чинеше 700 милиони евра. Макрон одржа и говор на благодарност до околу 1.300 занаетчии, работници и експерти кои работеа на нејзиното реновирање. Реновираната внатрешност на катедралата била чувана во тајност за време на реновирањето.

Пожарот во Нотр Дам избувна на 15 април 2019 година, додека се работеше на реконструкција на нејзината надворешност. Последната реконструкција на катедралата била извршена во 50-тите години на минатиот век.

Катастрофалниот пожар уништил поголем дел од внатрешноста на катедралата, а еден од спасените симболи е статуата на Богородица со дете.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што e „триметазидин“ на кој падна Швојтек: Го забрзува протокот на крвта
Следна Статија Таткото на Карлеуша ја апсел Цеца

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Роботот Махоло ќе прави операции во Јапонија

„Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи спроведуваат медицински експерименти кои претходно ги изведувале луѓе, а целта е постепено…

May 12, 2026
СВЕТ

Од судско депо во Истанбул „исчезнале“ 25 килограми злато и 55 килограми сребро

По барање на Турција Интерпол издаде црвена потерница по осомничен за исчезнувањето на 25 килограми злато и 55 килограми сребро…

December 17, 2025
СВЕТ

(Видео) Starship на Маск изведе нов лет, немаше напнат маневар, Трамп гледаше сè

Вчера вечер SpaceX го изведе шестиот пробен лет на својата ракета Starship, најмоќната ракета некогаш направена. Starship беше лансиран од…

November 20, 2024
СВЕТ

Топлотен бран во Индија, измерени 47,3 степени

Северна Индија е погодена од екстремен топлотен бран со температури значително над вообичаените за сезоната, што го нарушува секојдневниот живот…

June 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?