Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
БАЛКАН

Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица

Објавено November 30, 2024 09:40
Сподели
Сподели

Силна експлозија се случи синоќа во селото Варага во Зубин Поток, северно Косово, од која е оштетен водоснабдувачкиот систем Ибар-Лепенец во тој регион, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста во изјава за медиумите ја потврди заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.

– Да, се слушна експлозија во каналот за вода и полициските екипи работат на што поскоро расчистување на случајот, изјави Елшани.

Извори од косовското обвинителство изјавија за ТВ Коха дека првичните сомнежи се оти експлозијата имала за цел „да ја оштети критичната инфраструктура на Косово со цел да го блокира протокот на вода што се користи за ладење во процесот на производство на електрична енергија во термо-електраните Косова А и Косова Б“.

Регионалното водостопанство „Митровица“ соопшти дека е прекинато снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на дел од каналот Ибар-Лепенец.

Претпријатието ги повика граѓаните да обезбедат резерви на вода за пиење. Во последните два дена имаше уште неколку инциденти на косовскиот север, населен со мнозинско српско население.

Во Звечан бомби беа фрлени врз полициската станица и во дворот на општината. По овие два напади, косовската полиција вчера соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки на ниво на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
Следна Статија Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што сега ја контролира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Каквo „иска“ Рада на Костадин Костадинов?

Европратеничката Рада Лајкова сака да биде новата „ѕвезда“ во Македонија. Таа среде Европскиот парламент ни порача дека  сме зборувале„дијалект на…

June 23, 2026
БАЛКАН

Какви цени ве очекуваат во Грција: Леб од 1.5 до 2,98 евра, сендвичи од 4,5 до 9 евра

Какви цени ве очекуваат во Грција откако ќе ги истрошите познатите и традиционални „резерви“  домкнати од Македонија? Лебот чини од…

June 10, 2025
БАЛКАН

Ранетата учителка од Пречко закрепнува: „Со телото спасила можеби 10 животи“

Незапаметената трагедија во петокот ја шокираше, разбесне и најмногу ја растажи Хрватска, но и многу соседни земји. 19-годишен млад ментално…

December 23, 2024
БАЛКАН

САД го прекинаа стратешкиот дијалог со Косово

Соединетите Американски Држави го прекинаа на неодредено време планираниот стратешки дијалог со Косово поради загриженост за активностите на привремената влада…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?