Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Царинската управа ги „затегна чешмите“, сега се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите

Објавено November 30, 2024 13:00
Сподели
Сподели

Ги „затегнавме чешмите“, се оди во Буџетот, постигнавме рекордна наплата на приходите во изминатите пет месеци. Поднесена е 31 дисциплинска постапка за царински службеници за злоупотреба на службена положба. Од први јули до 26 ноември има 211 случаи на заплени или двојно повеќе во однос на лани. Поднесени се 45 кривични пријави што е за три пати повеќе во однос на истиот период минатата година, во телевизиско интервју изјави директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Во гостувањето во емисијата „За или против” на Алфа телевизија Николовски потенцира дека наплатата на приходите бележи континуиран раст во изминатите пет месеци.

Во јули се наплатени речиси 12 милијарди денари што е историски најголема наплата во еден месец. Растот на наплатата на приходи се задржа и во наредните месеци. Така, во септември се наплатени 10,27 милијарди денари или 9,4 проценти повеќе од лани, при што приходите од царина се зголемени за 24,4 проценти, а на акциза за 25,9 проценти. Во октомври наплатени се 11,3 милијарди денари или 5,9 проценти повеќе од истиот период минатата година, истакна Николовски.

Зголемената наплата се должи на зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека.

Растот на наплатата на приходи се должи на зголемени контроли, менување на свеста на царинските службеници за поголем интегритет и професионалност, но и воспоставениот ред по принципот награда за секој што заслужил, но и санкционирање на оној што постапувал спротивно на законите. Воспоставен е и нов Комитет за оперативно работење чија задача е поефикасна координација на оперативното работење, што подразбира и зајакната контрола на работата на царинските службеници. Воедно на граничните премини и граничните терминали веќе е имплементиран систем за видео надзор и систем за препознавање на регистарските таблички, вели Николовски.

Во интервјуто Николовски говореше и за модернизација на премините, како и за проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ла Лига: Винисиус се занимава со пиратерија
Следна Статија Паника во Лос Анџелес: Дојава за бомба во куќата на Шварценегер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА-СКОПЈЕ: Од денеска е вратена уште една железничка линија

Од денеска е вратена уште една железничка линија, Скопје – Гевгелија – Скопје.  Со новиот возен ред, кој е со…

December 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ахмети: Уставот од 1974 година беше изменет во 1989 еднострано, со што Албанците беа лишени од државотворниот статус

Годишнината од прогласувањето на независноста на Македонија е секогаш повод да рефлектираме за тоа како беше, како е и како…

September 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Над 70 отсто од младите во Македонија се коцкале, а 17,8 отсто се зависници од комар

Значаен процент од младите во Република Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа, беше истакнато на денешната прес-конференција…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Тошковски открива: Со пари од „Државна лотарија“ се купувале имоти во земјата и странство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во синоќешното интервју за ТВ Алсат рече дека со проневерените пари од АД „Државна лотарија“, како…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?