Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Деца во униформи и пушки в раце во училиште е недозволиво, остро ќе реагираме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Деца во униформи и пушки в раце во училиште е недозволиво, остро ќе реагираме
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Деца во униформи и пушки в раце во училиште е недозволиво, остро ќе реагираме

Објавено November 30, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да организираат, но и од одобрувањето на родителите на учениците, нивните деца да учествуваат во училишна приредба на која облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации од минатото, парадираат со пушки во рацете. Патем, родителите и ракоплескаа на сето тоа, напиша на Фејсбук министерката за образование, Весна Јаневска.

Ваквиот чин не само што педагошки е неисправен, туку е и нечовечен, неетички, неморален и законски казнив.

Не очекував дека токму педагози, луѓе кои ја одбрале најблагородната професија, ќе ги учат децата во Македонија да не ја почитуваат сопствената земја, да не ги почитуваат своите сограѓани и ќе индоктринираат милитанство, насилство, омраза. Спротивно на сите основни начела на педагогијата. Наместо да се бориме за единство, за градење мирна и хармонична училишна средина, која патем треба да биде и основа за градење на мирно и хармонично општество и силна заедничка држава, во 21от век гледаме дека нечии размислувања и идеали се заглавени во некој минат век.

❗️Ова е училиште кое, од претходни министри дури и било наградувано со грантови за организирање на активности за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција. Да, шокантно е, но е вистина!

👉Најавувам дека ќе поведеме соодветна постапка против училиштето. Добивам и информации дека слични активности имало и во други две училишта. И таму ќе постапат инспектори, ја уверувам македонската јавност.

📢Апелирам до сите останати училишта да се оградуваат од вакви активности, да промовираат вистински човечки вредности и да се заложат да градат генерации опремени со знаење, а не со оружје. Генерации кои ќе ја сакаат земјата во која се родиле и растат и ќе ги почитуваат другите независно на етничката, верската или каква било друга разлика. Тоа е вистинската цел поради која се отвораат и постојат училиштата!

🤝И конечно, ајде заедно да ги славиме личностите и победите низ историјата, имаме кого и имаме што заедничко, а овие училишни приредби се идеално место за тоа. Многу Албанци дале придонес во создавањето на оваа заедничка држава, учествувале во народноослободителната борба, учествувале во понатамошниот развој, во науката, спортот, културата…Споменот за нив треба да нé обединува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Биткоинот порасна за речиси 40 отсто во ноември
Следна Статија Мицкоски: Наследивме катастрофална состојба со субвенциите, но веќе се консолидиравме и повеќе нема да има каснење како порано

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Македонската полиција повторно ќе биде гордост на секој граѓанин 

Македонската полиција повоторно ќе биде гордост на секој граѓанин и повторно ќе биде чест да се биде полицаец, порача денеска…

December 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

ГТЦ пропаѓа: Дуќани се изнајмуваат и за нула денари

Градскиот трговски центар (ГТЦ), некогаш архитектонски и бизнис бисер на Скопје, денес ја носи титулата на едно од најзапуштените и…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Длабока тишина и солзи на улиците во Кочани: родителите со фотографии од загинатите деца на „Маршот на ангелите“

Во Кочани почна „Маршот на ангелите“ кој го преводат родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во атмосфера…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес почувствуван во Прилеп и околината

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?