Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Масовен протест во Валенсија по поплавите, се бараат оставки од регионалните лидери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Масовен протест во Валенсија по поплавите, се бараат оставки од регионалните лидери
СВЕТ

Масовен протест во Валенсија по поплавите, се бараат оставки од регионалните лидери

Објавено December 1, 2024 10:20
Сподели
Сподели

Околу 100,000 луѓе синоќа повторно излегоа на улиците на шпанскиот град Валенсија за да го осудат лошото управување на владата со катастрофалните поплави на крајот на октомври, во кои животот го загубија повеќе од 200 лица.

Зад огромен знак на кој пишува „Мазон, оставка“, што се однесува на конзервативниот регионален претседател на Валенсија, Карлос Мазон, „речиси 100,000 луѓе“ маршираа низ центарот на градот“, објави шпанската владина комисија во Валенсија.

Протестот беше организиран на покана на локалните и синдикалните организации во регионот што беше убедливо најпогодениот во разорните поплави на 29 октомври, во кои загинаа вкупно 230 лица.

На 9 ноември во Валенсија, третиот по големи град во Шпанија, веќе протестираа околу 130,000 лица, барајќи оставка од регионалниот лидер и осудувајќи го управувањето со вонредната ситуација од страна на централната влада на социјалистот Педро Санчез.

Поројните дождови зад себе оставија и материјална штета која се проценува на неколку милиони евра. „Овие политичари го убиваат народот“, пишуваше на еден транспарент на мирните протести.

Демонстрантите повторно извикуваа „убијци, убијци! алудирајќи на фактот дека властите на Валенсија испратија предупредување до населението за опасност повеќе од 12 часа по црвеното предупредување издадено од Националната метеоролошка агенција и кога поплавите веќе зафатија многу области.

Во Шпанија, високо децентрализирана земја, управувањето со катастрофи е одговорност на регионите, но централната влада може да обезбеди средства, па дури и да преземе одговорност за итни случаи во екстремни случаи.

Погодените од поплавите ја критикуваат регионалната извршна власт дека доволно однапред не ги предупредила жителите за опасноста од бурните дождови кои почнаа утрото на тој кобен вторник, а исто така ја одложуваат распределбата на помошта во повеќе од 70 општини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хајнекен ќе ја отвори првата голема фабрика за пиво во Обединетите Арапски Емирати
Следна Статија OJO: Предлог притвор за лицата кои се заканувале со оружје и експлозиви, па одзеле пари од продавницата „Нептун“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Зеленски: Ослободивме повеќе од 174 квадратни километри од Украина

Украина повторно освои повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропил во неодамнешните контраофанзиви, изјави синоќа…

September 30, 2025
СВЕТ

Трамп планира да почне со масовна депортација на мигранти во Чикаго, пишува „Волстрит журнал“

Претседателската администрација на САД на Доналд Трамп планира да почне голема имиграциска депортација во Чикаго ден по неговото преземање на…

January 18, 2025
СВЕТ

Од одбрана до миграција: Што носи новата владина коалиција во Германија

ДПА Новата коалиција предводена од германските конзервативци денеска ја презема функцијата  под раководна палка  на новиот канцелар Фридрих Мерц, помалку…

May 6, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост, 22 повредени

Најмалку 22 лица се повредени, а тројца се во сериозна состојба откако брод за обука на мексиканската воена морнарица се…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?