Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав
МАКЕДОНИЈА

Изборот на нов претседател на Судски совет пролонгиран до комплетирање на неговиот состав

Објавено December 2, 2024 18:13
Сподели
Сподели

Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно обраќање соопшти дека поради немање слух кај власта за обезбедување брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи владини функционери, поднесува неотповиклива оставка од функцијата.

На предложениот дневен ред беше и точката за избор на претседател на Судскиот совет, но по предлог на членот на Советот, Исамедин Лимани, едногласно беше тргната од дневен ред. Според Лимани, Советот треба да избира претседател кога ќе биде во полн состав, односно по изборите на двајца нови членови кои треба да се случат на 11 декември.

Двајца членови со право на глас се отсутни, а исто така сме во фаза на избор на двајца нови членови на Советот кои ќе се избираат на 11 декември. Еден член од општата листа од Апелационо подрачје Штип и еден член од посебната листа, така што изборот на претседател мислам дека треба да биде кога Советот ќе биде комплетиран, посочи Лимани.

Ставот и на останатите членови е дека Советот може да продолжи со работа без претседател сѐ до неговото комплетирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска најави К-15 за вработените во образованието до крајот на месецот
Следна Статија ДУИ до Јаневска: УЧК е сè за Албанците, не ништо министерке

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Убава ни е државата, но неписмена администрацијата“

Не ретко се споделуваат примери на социјалните мрежи каде повеќе од очигледно е дека правописот не им е баш силна…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица

Истрагата за трагедијата во Кочани се уште е во тек. Досега се осомничени 68 физички и три правни лица. Во…

April 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре во Скопје ќе има оосебен режим на сообраќај

Утре (29.03.2026) со почеток во 10:00 часот, во Скопје, ќе се одржи атлетска трка на 10 км со траса на…

March 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Николоски: Сите државни патишта се целосно исчистени

Сите државни патишта низ Македонија се целосно исчистени од снег и сообраќајот се одвива непречено на целата територија на земјата.…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?