Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Ова не ни го прават ниту Грци, ниту Бугари: Македонците во Германија ја бојкотирале Каролина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ВИДЕО) Ова не ни го прават ниту Грци, ниту Бугари: Македонците во Германија ја бојкотирале Каролина
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Ова не ни го прават ниту Грци, ниту Бугари: Македонците во Германија ја бојкотирале Каролина

Објавено December 2, 2024 19:04
Сподели
Сподели

Познатата македонска пејачка Каролина Гочева тврди дека друштво на македонски иселеници од Дизелдорф повикувало на бојкот на нејзиниот концерт во градот. Гочева, која е на турнеја низ Германија, ѝ се обрати на публиката:

Постојано се испраќале апели да не се присуствува вечерва тука и притоа, тие апели не се ниту од Грци, ниту од Бугари, ниту од оние што ни го газеа знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф.

Повикот за бојкот почнал откако бил најавен концертот, а таа за тоа дознала неколку дена пред истиот.

Македонската заедница во СР Германија реагираше на изјавата на Гочева. Во соопштение до јавноста заедницата објасни дека терминот на нејзиниот концерт се поклопувал со настани организирани од друштвото во истиот град, со што „грубо го кршат договорот за одржување настани и годишниот план за здруженијата и црковните општини од НРВ“.

„Во конкретниот случај, се организира настан на истиот ден и во истиот град Дизелдорф, кога Македонскиот културен клуб „11 Октомври“ организира хуманитране концерт по повод 35-годишен јубилеј на здружениоето со Миле Кузмановски и Татјана Стефановска“, велат од заедницата.

Тие исто така посочуваат дека концертот бил организиран ден пред хуманитарниот концерт на Наум Петрески и Зуица Лазов организиран од Македонскиот културен центар „Македонско сонце“.

Заедницата вели дека и во иднина ќе ги осуди сите настани кои ќе бидат организирани во исти или приближни термини со тие на здруженијата без претходна најава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Антикорупциска: Поранешен в.д. медицински директор си ја вработил снаата
Следна Статија (ФОТО) Ова се следните мети на Звицер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски синоќа упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека…

March 17, 2025
ЗАБАВА

Ќе има музички фестивал крај Дојранското Езеро: „Дојран Д-фест“ ќе се одржи од 25 до 27 јули

Продолжува традицијата на одржување на познатиот фестивал „Д-фест“ во Дојран, но сега со ново име „Дојран Д-фест“. Годинашново 17. издание…

June 26, 2025
ЗАБАВА

Трамп ќе воведе 100-процентна царина за сите филмови направени надвор од САД

„Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат слатки од децата. Калифорнија, со својот слаб и…

September 30, 2025
ЗАБАВА

Целото свое богатство го остави на општината, но под еден услов

Старите остануваат осамени, а младите немаат поддршка. Ова е нешто што често се слуша на многу места во Германија. Меѓутоа,…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?