Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, вели Јовановиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, вели Јовановиќ
ЕКОНОМИЈА

Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само шест години, вели Јовановиќ

Објавено December 3, 2024 18:43
Сподели
Сподели

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии е против предлогот за зголемување на границата за пензионирање затоа што според него ваквиот предлог е неправеден за работниците и нема да ги реши проблемите со кои се соочува Пензискиот фонд во моментот.

– Кога станува збор за границата за пензионирање, главното прашање за мене е колку долго луѓето живеат по пензионирањето. Во Македонија, тоа во просек изнесува само 10 години, што е меѓу најкратките во Европа – границата за пензионирање е 63 години, а животниот век е 73. Ако се зголеми границата за пензионирање на 67 години, луѓето би живееле во пензија само 6 години, што веројатно ќе биде најкратко во светот. За споредба, во Австрија луѓето живеат во просек 18 години по пензионирањето – границата за пензионирање е исто така 63 години, но животниот век е 81. Слична е состојбата и во другите земји од ЕУ. Кога животниот век во Македонија ќе се доближи до 80 години, тогаш можеме да размислуваме за вакви промени, но не сега – вели Јовановиќ во изјава за МИА.

Посочува дека мерката нема да има речиси никаков ефект на краток рок, бидејќи резултатите од зголемувањето на границата за пензионирање се гледаат дури по 10-тина години. До тогаш, додава Јовановиќ, дел од проблемите со дефицитот на Пензискиот фонд ќе почнат да се решаваат природно со исплатата на пензии од вториот пензиски столб.

– Исто така, треба да се има на ум дека кревањето на границата за пензионирање може да биде и контрапродуктивно, и за работниците и за фирмите. Тоа може да го влоши здравјето на работниците, да ги зголеми повредите на работа, па дури и да го намали животниот век, кој и сега е меѓу најкратките во Европа. Дополнително, може да ја намали продуктивноста на фирмите, бидејќи постарите работници не се толку продуктивни како помладите. Постои причина зошто границата за пензионирање постои во сите земји, а тоа е за да се заштити здравјето на луѓето и да се одржи продуктивноста – нагласува Јовановиќ.

Наместо вакви мерки, според Јовановиќ, има други мерки коишто би биле поефективни во овој момент. Смета дека треба да се укинат сите ослободувања од плаќање даноци и придонеси бидејќи тие креираат дел од дупката во Фондот за ПИОМ, а за придонесот за пензиско осигурување вели дека треба да се зголеми бидејќи тој е еден од најниските во Европа.

– Треба да се покачи придонесот за пензиско осигурување, кој во Македонија е меѓу најниските во Европа, а и беше значајно намален во времето на Груевски, од 21 на 18 проценти. И при двете овие работи, мора да се внимава зголемувањето да не падне на грбот на работниците, односно да се предвиди дека нето платата на работниците не смее да се намали поради повисоките придонеси. Трето, мислам дека треба повеќе да се посвети внимание на конструктивни мерки, како креирање нови работни места, формализирање на неформалната вработеност и покачување на платите. Со тие мерки не само што директно ќе се зголемат приходите на фондот, туку и ќе се заживее економската активност, што ќе има двоен ефект – оценува Јовановиќ.

Фискалниот совет во предлог мислењето дадени кон Фискалната стратегија 2025-2029 година предложи од 2026 година да се зголеми границата за одење во пензија на 67 години и постепено да се зголемува придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Реакции имаше од Сојузот на синдиакти на Македонија, а од Владата нагласија дека во моментот не се размислува за вакво нешто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се уште нема исход од вонредниот инспециски надзор во ОУ „7 март“ во с.Челопек
Следна Статија Македонија – фокус за германските инвеститори во обновлива енергија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот

Со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, започнуваме со намерата да ги…

February 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Рокот за подигање на ваучери за инвертер клими истекува на 17 април

Процесот на распределба на државните ваучери за набавка и вградување инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика,…

March 26, 2026
ЕКОНОМИЈА

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Република Бугарија, Гроздан Караџов…

November 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?