Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На земјиштето позади поликлиниката Бит пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > На земјиштето позади поликлиниката Бит пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение
ХРОНИКА

На земјиштето позади поликлиниката Бит пазар, поставил рампа и наплаќал паркинг: Обвинителството поднесе обвинение

Објавено December 4, 2024 11:20
Сподели
Сподели

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија во Кисела Вода: 70 годишна жена почина по пад од тераса, дете пренесено во Ургентен
Следна Статија Ќе има значителни намалувања во Новогодишната кошничка, најави Ристески

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ја повредил сопругата, па се обидел со шприц да и стави непозната течност во устата

На 26.11.2025 во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на селото. -Според пријавеното, тој…

November 27, 2025
ХРОНИКА

Почина македонската поп ѕвезда Владо Јаневски

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва по кратко боледување на една од скопските клиники. Владо Јаневски беше на…

June 28, 2026
ХРОНИКА

Две лица загинаа во сообраќајка кај Катланово

Две лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово, на автопатот Скопје-Велес. Според информациите на ТВ 21,…

October 16, 2024
ХРОНИКА

Пронајден е малиот Хадис кој се изгуби во Ченто

Четиригодишното дете Хадис, кое доцна попладнето беше пријавено како изгубено во скопската населба Ченто, е пронајден вечерва, објави неговиот татко…

October 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?