Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор
ХРОНИКА

Тошковски: Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор

Објавено December 4, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи досега има уапсено 18 лица поврзани со инцидентите на Денот на албанското знаме, од кои четворица се во притвор, додека за десетина се покренати прекршочни постапки поради „дивеењeто“ на улиците и сообраќајниот хаос којшто настана, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по денешната билатерална средба со неговиот босански колега Ненад Нешиќ.

Тошковски упати апел за разум и мудрост, и порача дека МВР одлучно ќе одговори против сите коишто ќе се обидат да го погазат достоинството на граѓаните на Македонија, без оглед дали станува збор за сквернавење на државен симбол на Македонија или на која било соседна земја. Изрази надеж дека станува збор за изолирани случаи, со оглед на тоа дека сторителите на кривичните дела биле млади луѓе, но како што рече „не ми личи за таква работа“.

Соодветно, навремено и одговорно интервениравме како Министерство за внатрешни работи. Го истражуваме сето она коешто е поврзано со овие настани, во насока на тоа дали истите и како истите се случиле, дали од аспект на мотивот, како од аспект на дејствијата коишто беа преземени. Одлучно еднакво кон сите одговоривме. Во текот на првиот ден, при самата прослава уапсивме осум луѓе. Од тие тројца завршија во притвор за палење на македонското знаме. Наредниот уапсивме уште тројца во Прилеп за палење на албанското знаме. Уапсивме едно лице во Куманово за корнење на државен симбол на Република Србија. Исто така приведовме едно лице во Кичево за корнење, буткање и на македонското и албанското знаме. И во текот на вчерашниот односно преквчерашниот ден уапсивме уште едно лице коешто беше фатено како го пали албанското знаме во Скопје и информиран сум дека од судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор и нему, рече Тошковски.

Во врска со возилата кои беа опожарени во Куманово еден ден по прославата на Денот на албанското знаме, Тошковски рече дека не може да изнесе конкретни информации, бидејќи предметот се уште е во фаза на предистрага, но рече дека станува збор за добро организирана група.

-Во овој момент не можам да одговорам повеќе во однос на предметниот кривично правен настан. Кога ќе имаме информации коишто ќе можеме да ги споделиме со јавноста, ќе ги споделиме. Работиме и на тој случај. Да, точно е дека станува збор за добро организирана група. Не би сакал да претпоставувам во овој момент. Имаше претпоставки коишто беа споделени и до јавноста од различни страни. Можеби станува збор за неиспорачување на одредени нешта од минатото, можеби станува збор за подгревање на приказната во истиот дел во којшто разговаравме досега, можеби станува за трети причини, не знам. Во овој момент мислам дека не би било соодветно да говорам со точни информации заради тоа што се уште сме во фаза на предистрага, рече Тошковски.

Интерпелацијата, пак, што ја поднесе опозициската ДУИ, министерот ја оцени како „низок обид за манипулација на јавноста“, истакнувајќи дека Собранието ќе постапи како што смета. Тезите на опозицијата во изминатиот период рече сами по себе се контрадикторни.

Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа. Собранието ќе си постапи во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста, рече министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине
Следна Статија Индира Кастратовиќ влегува во куќата на славните на ЕХФ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Mасовна тепачка во Штип меѓу две семејства

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за…

October 17, 2024
ХРОНИКА

Манијак следел со возило две малолетнички, па се самозадоволувал пред нив

Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје, 45-годишник од скопско село пријавил дека на 27.12.2024 околу 19.10 часот во друго…

January 10, 2025
ХРОНИКА

Во Косово уапсен Дритон Ибиши, член на групата „Грчец“ кој се бараше со меѓународна потерница

Вчера во Косово бил уапсен Дритон Ибиши, 52-годишен маж од Скопје против кого има активна меѓународна потерница и за кој…

May 14, 2025
ХРОНИКА

ДЕТАЛИ: Докторот во „Железара“ бил убиен со девет убоди од нож, сопружниците одат во притвор

Одреден притвор за маж и жена од Скопје кои го убија докторот Трповски чие тело беше пронајдено на паркинг во…

July 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?