Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи
ЕКОНОМИЈА

Новогодишната кошничка ќе трае од 15 декември до 15 јануари, ќе опфаќа повеќе од 600 производи

Објавено December 5, 2024 13:09
Сподели
Сподели

Новогодишната кошничка ќе опфаќа повеќе од 600 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари. Со неа се очекува намалување на цените на производите за 10 и повеќе проценти.

Листата на производи, како што кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски, е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците.

Направивме нешто што можеби досега никогаш не е направено – сите заедно разговаравме извесен период и за време на тие разговори дојдовме до компромис. Сите се согласивме во периодот од 15 декември до 15 јануари цените на повеќе од 600 артикли да бидат намалени и брендирани со налепници на кои ќе пишува „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме – рече Мицкоски на денешната прес-конференција.

Нагласи дека не се работи за интервентна мерка на Владата и со ограничување на цените, туку за консензуално решение поради што нема да има казнување, туку ќе има мониторинг дали на тие производи ќе бидат залепени налепниците за да бидат визибилни за граѓаните.

На забелешките од новинарите дека во листата на производи во новогодишната кошничка има производи чии цени во изминатиов период се зголемени, премиерот Мицкоски му предочи на директорот на Пазарниот инспекторат да направи контрола какви се цени на пазарот сега и потоа дали тие ќе бидат намалени.

Листата на производите кои ќе најдоа во новогодишната потрошувачка кошничка, може да ја видите ТУКА.

Детали за новогодишната кошничка соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еврокомесарката Кос: Ќе направам се’ билатералните спорови од минатото да не бидат пречка за земјите од Западен Балкан
Следна Статија Првпат по многу години Македонија има месечен суфицит во Буџетот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

До крајот на следната година „Амфенол“ ќе има 3700 вработени

Амфенол“ е корпорација која има доверба во Македонија поради што постојано инвестира. Ние немавме засој во инвистициите во било која…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Фото: Сакате попуст? Еве ви попуст!

Нова досега невидена идеја на македонските трговци. На рафтовите во еден супермаркет се појави продукт кој е на акција со…

January 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска

ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност, што е потврда дека секој мегават од браната која ќе биде изградена, ќе претставува чекор…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стефан Миран, привремен гувернер на Федералните резерви, поднесе оставка од улогата во Белата куќа

Миранското место во Федералните резерви е привремено по истекот на неговиот мандат минатиот месец; Трамп веројатно ќе го пополни местото…

February 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?