Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Работодавачите и работниците да се усогласат околу минималната плата, Владата ќе прифати, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Работодавачите и работниците да се усогласат околу минималната плата, Владата ќе прифати, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Работодавачите и работниците да се усогласат околу минималната плата, Владата ќе прифати, вели Мицкоски

Објавено December 6, 2024 15:20
Сподели
Сподели

Се уште трае седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) и таму има два партнера, работодавачите и работниците. Тие треба да се усогласат околу параметрите, меѓу кои е и минималната плата. Владата е во поразлична позиција. Од аспект на централниот Буџет, колку е поголема минималната плата, толку поголеми приходи ќе има во Буџетот, но ние не сакаме да се мешаме. Ќе ги оставиме двете страни да се усогласат, што можат едните, а што другите да прифатат, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Владата, напомена Мицкоски на прес-конференција, е тука да фасилитира, а не да одлучува.

Се што ќе договорат работодавачите и работниците, ние како Влада ќе го прифатиме, истакна Мицкоски.

Според него, во Буџетот се предвидени средства согласно законските усогласувања, но секогаш има ребаланс и може да се направи распределба.

Од страна на Владата не е проблем, ние ќе имаме приходи. Зголемувањето на минималната плата ќе биде на товар на работодавачите, тие ќе треба да уплатат повеќе во Буџетот. Проблемот е дали тие можат тоа да си го дозволат, дали можат да го направат, дали можеби потоа ќе има други трикови, пола-пола, „еви ти пола на рака“,… Но, тоа е друга тема, истакна Мицкоски на новинарско прашање дали ќе има средства во Буџетот за 2025 година ако работодавачите и работниците договорат минимална плата од 450 евра.

Како што дополни премиерот, со оглед дека ќе има локални избори, ребалансот на Буџетот би бил најдоцна јуни – јули.

Мицкоски потсети дека со Буџетот за 2025 година кој е во собраниска процедура, се предвидени средства за зголемување на пензиите и дека има средства за раст на платите во здравството и образованието.

Пред почетокот на седницата на ЕСС, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов изјави дека остануваат на барањето за минимална плата од најмалку 450 евра, како и за зголемување на платите во јавниот сектор.

Трендафилов изрази и очекување дека „останатите социјални партнери“ ќе ги прифатат овие барања.

Во Буџетот можеби прв пат по подолго време се предвидени средства за раст на платите за повеќе од десет отсто. Согласно буџетските проекции кои ССМ можеше да ги види, Владата предвидува средства согласно колективните договори и законите за зголемување на платите. Нарушениот животен стандард со постојаниот раст на синдикалната минимална кошничка која од почетокот на годината до денеска се зголеми за повеќе од 4 800 денари, треба да биде доволен мотив за покачување на минималната плата, нагласи Трендафилов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пациентот во центарот на онколошката здравствена грижа базирана на вредности
Следна Статија Уставен суд нема да коментира ничии ставови: Седницата за Законот за јазици е закажана за 11 декември

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски потврди дека сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол бил во Скопје,…

July 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026

За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето…

November 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Енергетиката не се планира од денес за утре, една година е како една недела, порача министерката Божиновска синоќа на Топ…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи

Утре или во понеделник Министерството за економија ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните…

February 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?