Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници
СВЕТ

Париската катедрала Нотр Дам повторно ги отвора вратите, со присуство на бројни официјални претставници

Објавено December 7, 2024 10:10
Сподели
Сподели

Во Париз ќе се одржи церемонија по повод отворањето на катедралата Нотр Дам, со говор на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го одржа своето ветување дека изгорениот скапоцен камен на готската архитектурата ќе биде повторно отворен во 2024 година, но сјајот на таа инаугурација ќе остане во сенка на актуелната политичка криза во земјата.

Макрон денеска ќе одржи говор на плоштадот пред обновената катедрала по големиот пожар на 15 април 2019 година. Најавено е дека ќе се одржи прва миса отворена за пошироката јавност, јавија француските медиуми.

Своето присуство на церемонијата го потврди и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и тоа ќе биде негово прво патување откако во ноември победи на изборите во САД.

Претседателот на Франција на 29 ноември ја посети Нотр Дам заедно со камери кои го открија раскошот на обновената зграда.

Макрон се надева дека церемонијата на отворање на катедралата за него ќе биде голем дипломатски состанок со пристигнувањето на околу 40 шефови на држави и влади.

Точно на 15 април 2019 година, пожар ја опустоши катедралата, симбол на христијанството кој беше вклучен во светското наследство на Организацијата за образование, култура и наука на Обединетите нации (УНЕСКО). Дотогаш, катедралата добиваше 12 милиони посетители секоја година.

Беа потребни неколку месеци да се отстранат 40.000 јагленисани цевки што ја опкружуваа катедралата пред пожарот и да се демонтираат статуите поради реставрација.

Тој процес, прекинат за време на епидемијата на коронавирусот, се спроведуваше под висок степен на безбедност, беше завршен во летото 2021 година и чинеше 150 милиони евра.

Реконструкцијата почна во есента 2021 година на градилиштето на катедралата, каде беа поставени внатрешни и надворешни скелиња, како и бројни работилници на столари, стаклари и каменоресци.

За Французите, катедралата Нотр Дам не е само светски позната средновековна готска катедрала, туку срцето на Париз и градба овековечена од писателите и дел од историјата на нацијата.

Изградбата на катедралата била почната во 1163 година од страна на епископот Морис де Сали, а била завршена речиси два века подоцна во 1345 година.

Нотр Дам е тесно поврзан со историјата на Французите. Нејзините моќни ѕвона биеле на 24 август 1944 година за да го одбележат ослободувањето на земјата од нацистите, а 26 години подоцна тие заѕвонија на погребот на водачот на Отпорот, генералот Шарл де Гол.

Катедралата ја опеал поетот Жерар де Нервал, кој во 1832 година ѝ ја посветил песната „Богородичната црква во Париз“. Една година претходно, Виктор Иго го напиша романот „Богородичната црква во Париз“, за катедралата, ѕвонарот Квазимодо и ромската танчерка Есмералда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Последниот продолжен викенд за годинава, следната ќе ги има многу помалку
Следна Статија Влада: Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Орбан: Европејците избраа војна, Унгарија мора да каже „не“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека војната претставува голем ризик за Унгарија, бидејќи, како што рече, „за разлика од…

January 31, 2026
СВЕТ

Откриена е пораката што Епштајн ја испратил неколку часа пред неговата смрт

Осудениот педофил, Џефри Епштајн, испратил СМС порака само неколку часа пред да изврши самоубиство во затвор, тврди авторот Мајкл Волф.…

July 11, 2025
СВЕТ

Израелски медиуми: Нетанјаху ќе предложи целосна окупација на Газа

Бенјамин Нетанјаху ќе предложи повторна целосна окупација на Појасот Газа кога ќе го свика својот безбедносен кабинет оваа недела, објавија…

August 5, 2025
СВЕТ

Израел ги врати телата на 15 Палестинци во Газа

Израел денеска ги врати телата на 15 Палестинци во Газа, со што вкупниот број на вратени лица се искачи на…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?