Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фајнанс тинк: Јавната потрошувачка и трговијата – главни двигатели на растот во третиот квартал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Фајнанс тинк: Јавната потрошувачка и трговијата – главни двигатели на растот во третиот квартал
ЕКОНОМИЈА

Фајнанс тинк: Јавната потрошувачка и трговијата – главни двигатели на растот во третиот квартал

Објавено December 9, 2024 16:00
Сподели
Сподели

Во третиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 3% на годишна основа, продолжувајќи го забрзувањето кое отпочна претходно. Тоа е во линија со очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор. Забрзувањето е водено од благото забрзување на приватната потрошувачка (1.9%) и значајното интензивирање на јавната потрошувачка (13.3%).

Последното, пак, следи по значајното продлабочување на буџетскиот дефицит од 5.8% за првото полугодие од годината, иако самиот трет квартал од 2024 заврши со скоро врамнотежен буџет (-0.5%). Додека, бруто инвестициите (0.6%), извозот (0%) и увозот (0%) стагнираат во третиот квартал, по падовите кои ги искусија низ целата 2023 и првото полугодие од 2024 година. На производната страна, растот во овој квартал е скоро во целост воден од трговијата (10.6%), како најголем сектор според номиналниот придонес кон додадената вредност, додека евидентен е падот на вториот по големина сектор, индустријата (-4.6%).

Невработеноста во третиот квартал од 2024 понатамошно благо се намали на 12.3%. Во овој квартал продолжува намалувањето на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани близу 7,000 нови работни места, а активноста на населението се подобри (52.6%).

Сепак, забележливо е дека најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата, додека растот на додадената вредност во трговијата не е проследен со нови работни места, бидејќи таму бројот на работници е намален и во однос на претходниот квартал и во однос на истиот квартал од 2023.

Во третиот квартал од 2024, инфлацијата забави на 2.6% (по благото забрзување на 3.9%) на годишна основа. Овие тенденции кај цените се во линија со очекувањата за целата 2024 година, за што во прилог оди благото олабавување на притисоците од страната на платите (благо забавен раст од 11.9% и стагнација во однос на претходниот квартал). Но, потенцијални варијации кај цените на одредни групи производи и потезите на фискалната политика налагаат потреба од понатамошна претпазливост во однос на инфлацијата.

Позитивната динамика на економијата се очекува да продолжи до крајот на 2024 година и во првите квартали од 2025. Finance Think останува на проекциите за раст на БДП во 2024 од 2.7% и за раст на цените од 3.8% дадени во претходните Макро-монитори. Проекциите за 2025 се: раст на БДП од 3.5% и раст на цените од 2.4%.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тејлор Свифт ја заврши својата турнеја- одржа 149 концерти и заработи над 2 милијарди долари
Следна Статија Ѓорѓиевски ќе биде градоначалник на Скопје, ако ВМРО-ДПМНЕ го кандидира за локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП со апел до граѓаните закуподавачи: Пријавете го доходот остварен од закуп на недвижен имот

Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Горивата со пониски цени од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски очекува до крајот на годината да бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека до крајот на годината ќе бидат потпишани договорите за изведба на интерконекторот со Грција и…

November 20, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции кои се гледаат и на терен- за следната година предвидени 50,5 милијарди денари

Автопати, водоводи, канализации… ова се само дел од капиталните инвестиции кои се реализираат од страна на владата. -Ние сме фокусирани…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?